Кои масла ги ставаат во овластените сервиси и каква е разликата во цени со истите масла или подобри од нив во нормална продавница?
Јас на пример имам цела база на податоци со технички карактеристики за многу типови на масла и разни производители.
Јас кога го имав Пежото 1,9Д користев Тотал Кварц 7000. Моторот на 170к беше коска и затоа продолжив да го ставам во Спаркот.
Но неодамна најдов Елф, кантичка од 4л за 1250 денари кај мој пријател (дуќанот во ТЦ Карпош 3 позади Алуминка, што гледа на паркингот). 4-те литра Елф чинеа исто како 3 х 1л Тотал Кварц 7000. Бидејќи имаа идентични технички спецификации (речиси идентични) почнав да ставам Елф. И нормално не приметив ништо разлика во работењето на моторот. Што масла користите вие и по кои цени ги купувате?
На пример, кумот мој плаќа 680 денари за литро Кастрол во сервис на Хундаи (за И20) додека во Еуро-импекс наплаќаат 380 денари за литро за во 206, 205, 207, 307, 308 итн....Тотал а во Олимпија моторс 320 денари за литро ГМ.