Добро познат проблем кај голфовите, речиси и да нема голф 4 без оваа мана. Мојот проблем е што двете предни брави кога се отвараат вратите не даваат сигнал дека се отворени и не се пали светлото внатре, ако не ги отворам задните врати или не дадам контакт колата се заклучува, а понекогаш и се пали алармот, совозачката врата има уште поголем проблем, кога кликам на далечинското да се заклучи колата таа се отклучува и обратно кога ја отклучувам колата таа врата се заклучува и секогаш морам да го користам клучот за да ја заклучам. Не е некој функционален проблем ама почнува да ме нервира. На aliexpress најдов нови брави, коштаат околу 2500 денари со се поштарина, половните се движат околу 1500 денари, ама половна не ми се зема, а во овластен сервис се плашам и да прашам колку е нова брава. Совет што да правам ?