Автор Тема: BMW и неговите модели  (Прочитано 228402 пати)

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22217
Одг: BMW и неговите модели
« Одговори #180 на: 28 Декември 2015, 11:42:05 am »
Зборам за оваа генерација 320ки.



Срамота.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4986
  • The Spartan General
Одг: BMW и неговите модели
« Одговори #181 на: 28 Декември 2015, 11:50:06 am »
Зборам за оваа генерација 320ки.
...
Срамота.

Да да, баш за тие со 4 цилиндри со  143/177/184 кс. Имаат сериски проблем, и во БМВ имаат recall програма за замена на ланец + затегач + водачите.
Ако не го направиш, кине ланец (особено на студен старт проследено со гмечење на недозагреан мотор).
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10925
  • 430i
Одг: BMW и неговите модели
« Одговори #182 на: 08 Јануари 2016, 11:11:43 am »
Луки, а бензинците како стојат со расипливост, има серија не погодена?
320 и 325?

Едит: и кај дизеливе, има некако да се увиди дали веќе го поминале рикол третманот?
« Последно менување: 08 Јануари 2016, 11:27:40 am marjanot »

Присутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3665
Одг: BMW и неговите модели
« Одговори #183 на: 08 Јануари 2016, 12:41:51 pm »
Луки, а бензинците како стојат со расипливост, има серија не погодена?
320 и 325?

Едит: и кај дизеливе, има некако да се увиди дали веќе го поминале рикол третманот?

Може да гледаш 318,320ки дизел од 2005-6 година, тие се со М47 мотор кој го нема тој проблем со кинење на ланецот.
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4986
  • The Spartan General
Одг: BMW и неговите модели
« Одговори #184 на: 08 Јануари 2016, 21:42:41 pm »
Луки, а бензинците како стојат со расипливост, има серија не погодена?
320 и 325?

Едит: и кај дизеливе, има некако да се увиди дали веќе го поминале рикол третманот?

Ќе се задржам на конкретно на колите произведени за Европските пазари.
4 цилиндри бензин пред фејслифт.
N45B16 Не знам каков е. Нема vvt.
N46B20 Го имам во мојата кола. Има vvt + vanos. Генерално здрав мотор. Знае да потроши масло (литар измеѓу менувања). Каприциозен кон неквалитетно масло затоа што има висока работна температура (варијабилна). Слаби точки, картерна вентилација, вакуум пумпата знае да протече, дихтунзи на ванос соленоидите, гумички на вентили, сензор на радалица и брегастите, и најважно предолг сервисен интервал (повеќе од 10-15к со едно масло НЕ), Проблематични Бобини, вибрации, и малку е бучен. Фабрички дефект, излегува со покус затегач на ланец, препорачливо е да се смени на 100к. Инаку, дефектот од скршен затегач е скап.

N45B20S Не знам каков е, ама знам дека го користеа во WTCC. Нема vvt. Најверојатно каприциозен кон неквалитетно масло. Релативно редок, и тешко се доаѓа до заменски делови (мора оригинални). 

6 цилиндри бензин пред фејслифт.
N52B25 (избегнувај го по ссекоја цена)
N52B30
N52B30U1
N54B30 (Би-турбо)

Знаат да потрошат масло. Осетливи кон чкарт масло, и имаат проблематични карики кои треба да се сменат (најизразено кај N52B25) . Сите имаат vvt + vanos. Работат на варијабилна температура, имаат електрична водна пумпа + електромагнетен термостат. Менување само со ОЕМ делови (заедно околу 400-450 евра) на секои 80-100к. Истите проблеми како и н46 со картерната вентилација. Се менува се комплет (вентил + црева). Вакуум пумпа, дихтунзи на ванос, знае да потече масло и од капакот на вентилите. Знае да затропа како дизел, и во тој случај се менуваат hydraulic valve push rods. Имаат две ДИСА клапни кои се фабрички проблем ако се скршат одат директно во цилиндрите, но се продава ОЕМ кит за 50 евра и се решава проблемот со метални оски. Во исто време кога се прави операцијата со ДИСА клапните добро е да се исчисти и усисната грана и ВАНОС соленоидите.  Ако потече масло од капакот на вентилите, се менуваат дихтунзите И штрафовите (значи секогаш за сите промени се користат само нови штрафови + стегање со момент клуч). Некои се жалат и на бобини, ама кај Н46 е поизразен проблемот.

После фејслифт
4 цилиндри
N43B16
N43B20

Овие се со директно вбризгување и заради тоа немаат vvt. Генерално поекономични, но имаат проблем со запушување и саѓи заради дирекното вбризгување. Ако тракаат речиси како дизел менуваш пиезо инјектори. Проблемите со сепараторот за масло е решен со вградување на истиот во самата усисна грана (нешто како фабрички  oil catch can). Бидејќи е наследник на N42, кој е претходник на N46, детските проблеми околу затегачот и бобините се излечени. Вакуум пумпата знае да протече.

6 цилиндри
N52NB25
N52B30K
N52B30

Овие мотори се всушност најдобрите за купување во е90. Особено оние кои се произведени после септември/октомври 2007ма до 2010. Осетливи се на неквалитентно масло. Не се со директно вбризгување, но се со ревизирана глава, ревизирани вентили, ревизирани гумички на вентили, ревизиран софтвер, ревизирана усисна грана за диса клапните и сепараторот за масло. Едниствен проблем си останува електричната водна пумпа + електромагнетниот термостат кои се менуваат на секои 100к километри.

N53B30
N55B30 Twinscroll turbo
Премногу осетливи на неквалитетно гориво  и масло. Пиезо инјекторите сигурно ќе ги менуваш, и заради нив и пумпите за висок притисок. Иначе другото е како ревизираните.



Тоа е тоа накратко за бензинските мотори кај е90. Има уште многу да се пишува, ама тоа се тенкости и специчности. А која со каков мотор доаѓа се проверува само со ВИН (последните 7 знака).
http://www.etk.cc/bmw/EN/vin/decoder/online/
realoem.com

А дали се извшени операциите на дизел мотор (овие  service calls) тоа може да го каже само официјален сервис на BMW. Таа информација е бесплатна, но мора да си сопственик на возилото инаку нема шанси да ти ја дадат.

Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10925
  • 430i
Одг:
« Одговори #185 на: 09 Јануари 2016, 01:07:38 am »
 Луки клабер од мајка роден ☺
Ги разгледувам 3-киве од 2009 па навака. Шестакот е неостварена желба,  а мислам дека би бил неразумен избор споредбено со N43B20. Велам неразумен најмногу бидејќи колата се вози во град и во годината излага надвор 5-6 пати. Сепак 2-иљадарката има сосема солидни перформанси, поекономична е, а одржувањето е поефтино.
Гаам илузии, ама па не сакам неспремен да бидам ако кликне тастерот

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4986
  • The Spartan General
Одг: BMW и неговите модели
« Одговори #186 на: 09 Јануари 2016, 09:13:09 am »
Луки клабер од мајка роден ☺
Ги разгледувам 3-киве од 2009 па навака. Шестакот е неостварена желба,  а мислам дека би бил неразумен избор споредбено со N43B20. Велам неразумен најмногу бидејќи колата се вози во град и во годината излага надвор 5-6 пати. Сепак 2-иљадарката има сосема солидни перформанси, поекономична е, а одржувањето е поефтино.
Гаам илузии, ама па не сакам неспремен да бидам ако кликне тастерот

Секое БМВ со 6так е неразумен избор. После 2009та 2.0 бензин има 170 кс, 2.0 дизел 177/184 коњи. Повеќе од доволно за нормално возење со спортска нота.

Ама јас ќе си купам 6так. Затоа што сум неразумен. Јас барав 6так, ама немаше таков како што сакав со малце повеќе опрема од автоматска клима, и имам 4 цилиндри. Колата е одлична со моторот, дури во ниските е малце побрза од претходната 3ка која ја имав.
НО....Иако беше најмалиот 6так, беше 6так. Таков звук, таков мазен throttle response никогаш нема да добиеш од 4 цилиндри. Од време на време си сонувам за неа.  ;D
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: BMW и неговите модели
« Одговори #187 на: 09 Јануари 2016, 09:44:38 am »
Шестакот е бесконечно порафиниран и звучи бесконечно подобро од четвртак.  Ако сакаш да преминеш над 'обичната' класа, мора да доплатиш за шестак.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10925
  • 430i
Одг: BMW и неговите модели
« Одговори #188 на: 09 Јануари 2016, 10:18:22 am »
^Јасно е тоа :)

Башка гледам се наоѓаат со пристојна километража за пристојна цена.
Не знам дали напоменав, ама атмото ме влече повеќе него турбашот.

И друга работа, скоро 90% од понудата е со автоматика. Луки, како се покажани автоматските менувачи има ли нешто на што треба посебно да се внимава?
Никогаш не сум сакал автоматски се додека не пробав DSG. Овие на Беемвејциве се со двојна спојка или олдскул?

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4986
  • The Spartan General
Одг: BMW и неговите модели
« Одговори #189 на: 09 Јануари 2016, 12:43:49 pm »
Атмосферец е милина за возење заради растеретениот опсег на вртежниот момент низ вртежите. Според мене. Но ја губи битката за економичност и еко норми, затоа што нема премногу простор за манипулација дури и во лабораториска средина за тестовите.
Најмногу што можеш е да го натераш да работи на бедна смеса и да го затнеш со повеќе катализатор

Затоа и сакам да го купам последниот атмосферец во ф10 (528и). Затоа што е Н53б30 со ревизирани испеглани проблеми од оние што ги пишав погоре. Затоа што е релативно “стар“ мотор, во релативно нова кола.

За автоматиците, во е90 се надежни затоа што се од ZF/Getrag. Само превентивно треба да се смени масло + филтер на кутијата и е вечна. Олдскуул се. После фејслифт мислам оти се доплаќало за спортска со двојно квачило, ама достапна само за 6аците.

Кај дизел треба да се внимава кај 6аците заради големиот вртежен момент. Сепак, се неколкукратно подобри и надежни отколку фијаското од автоматските кутии од GM во е46.  :)
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10925
  • 430i
Одг: BMW и неговите модели
« Одговори #190 на: 09 Јануари 2016, 16:57:43 pm »
Оваа цела страна иде во Еверноут за век и векови :)

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34046
  • Таков е животот... јебига
Одг:
« Одговори #191 на: 09 Јануари 2016, 17:31:05 pm »
Ами така е кога нема некој што може да ја потврди точноста на дадените информации па ти буткај во Evernote и шири после дезинформации. Така се раѓаат семкарските муабети :D


No hard feelings Луки, кажувам само хипотетички :)

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10925
  • 430i
Одг: BMW и неговите модели
« Одговори #192 на: 09 Јануари 2016, 17:41:16 pm »
за мене си се информациите во Еверноут, а тука се за сите
Бар до сега што сум прочитал од Луки ми имало тежина. Пар дечки останаа такви тука и треба да сме среќни додека ги имаме

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34046
  • Таков е животот... јебига
Одг:
« Одговори #193 на: 09 Јануари 2016, 17:42:51 pm »
Мислам дека се разбираме во позитивна конотација. Нели?

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10925
  • 430i
Одг: BMW и неговите модели
« Одговори #194 на: 09 Јануари 2016, 17:43:29 pm »
Уи