Луки, а бензинците како стојат со расипливост, има серија не погодена?
320 и 325?
Едит: и кај дизеливе, има некако да се увиди дали веќе го поминале рикол третманот?
Ќе се задржам на конкретно на колите произведени за Европските пазари.
4 цилиндри бензин пред фејслифт.
N45B16 Не знам каков е. Нема vvt.
N46B20 Го имам во мојата кола. Има vvt + vanos. Генерално здрав мотор. Знае да потроши масло (литар измеѓу менувања). Каприциозен кон неквалитетно масло затоа што има висока работна температура (варијабилна). Слаби точки, картерна вентилација, вакуум пумпата знае да протече, дихтунзи на ванос соленоидите, гумички на вентили, сензор на радалица и брегастите, и најважно предолг сервисен интервал (повеќе од 10-15к со едно масло НЕ), Проблематични Бобини, вибрации, и малку е бучен. Фабрички дефект, излегува со покус затегач на ланец, препорачливо е да се смени на 100к. Инаку, дефектот од скршен затегач е скап.
N45B20S Не знам каков е, ама знам дека го користеа во WTCC. Нема vvt. Најверојатно каприциозен кон неквалитетно масло. Релативно редок, и тешко се доаѓа до заменски делови (мора оригинални).
6 цилиндри бензин пред фејслифт.
N52B25 (избегнувај го по ссекоја цена)
N52B30
N52B30U1
N54B30 (Би-турбо)
Знаат да потрошат масло. Осетливи кон чкарт масло, и имаат проблематични карики кои треба да се сменат (најизразено кај N52B25) . Сите имаат vvt + vanos. Работат на варијабилна температура, имаат електрична водна пумпа + електромагнетен термостат. Менување само со ОЕМ делови (заедно околу 400-450 евра) на секои 80-100к. Истите проблеми како и н46 со картерната вентилација. Се менува се комплет (вентил + црева). Вакуум пумпа, дихтунзи на ванос, знае да потече масло и од капакот на вентилите. Знае да затропа како дизел, и во тој случај се менуваат hydraulic valve push rods. Имаат две ДИСА клапни кои се фабрички проблем ако се скршат одат директно во цилиндрите, но се продава ОЕМ кит за 50 евра и се решава проблемот со метални оски. Во исто време кога се прави операцијата со ДИСА клапните добро е да се исчисти и усисната грана и ВАНОС соленоидите. Ако потече масло од капакот на вентилите, се менуваат дихтунзите И штрафовите (значи секогаш за сите промени се користат само нови штрафови + стегање со момент клуч). Некои се жалат и на бобини, ама кај Н46 е поизразен проблемот.
После фејслифт
4 цилиндри
N43B16
N43B20
Овие се со директно вбризгување и заради тоа немаат vvt. Генерално поекономични, но имаат проблем со запушување и саѓи заради дирекното вбризгување. Ако тракаат речиси како дизел менуваш пиезо инјектори. Проблемите со сепараторот за масло е решен со вградување на истиот во самата усисна грана (нешто како фабрички oil catch can). Бидејќи е наследник на N42, кој е претходник на N46, детските проблеми околу затегачот и бобините се излечени. Вакуум пумпата знае да протече.
6 цилиндри
N52NB25
N52B30K
N52B30
Овие мотори се всушност најдобрите за купување во е90. Особено оние кои се произведени после септември/октомври 2007ма до 2010. Осетливи се на неквалитентно масло. Не се со директно вбризгување, но се со ревизирана глава, ревизирани вентили, ревизирани гумички на вентили, ревизиран софтвер, ревизирана усисна грана за диса клапните и сепараторот за масло. Едниствен проблем си останува електричната водна пумпа + електромагнетниот термостат кои се менуваат на секои 100к километри.
N53B30
N55B30 Twinscroll turbo
Премногу осетливи на неквалитетно гориво и масло. Пиезо инјекторите сигурно ќе ги менуваш, и заради нив и пумпите за висок притисок. Иначе другото е како ревизираните.
Тоа е тоа накратко за бензинските мотори кај е90. Има уште многу да се пишува, ама тоа се тенкости и специчности. А која со каков мотор доаѓа се проверува само со ВИН (последните 7 знака).
http://www.etk.cc/bmw/EN/vin/decoder/online/realoem.com
А дали се извшени операциите на дизел мотор (овие service calls) тоа може да го каже само официјален сервис на BMW. Таа информација е бесплатна, но мора да си сопственик на возилото инаку нема шанси да ти ја дадат.