Автор Тема: Зимски Гуми - INSA TURBO - Car System  (Прочитано 8901 пати)

Отсутен КарСистем

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 30
    • Веб Сајт на КарСистем
Зимски Гуми - INSA TURBO - Car System
« на: 13 Јануари 2014, 13:04:52 pm »
АВТО ГУМИ INSA TURBO

   Секој ден се појавува нова безбедносна опрема: воздушни перничиња (AIRBAG), систем за сопирање (кочници), безбедносни каиши, разни електронски уреди... но сите забораваат дека единствената точка на контрола помеѓу возилото и површината се автомобилските гуми односно пневматиците.
   Гумите мора да држат тежина, го пренесуваат забрзувањето и кочењето, го насочуваат возилото и учествуваат во стабилноста, амортизацијата и удобноста на возилото. Само вистинските професионалци ги разбираат технолошките напори како што се дизајнот и изработката на пневматикот.
   Многу е важно да се користат летните гуми во лето, а зимските гуми во зима. Летните и зимските авто гуми се изработени и тестирани во различни услови и се наменети за различни годишни времиња. Доколку гумите се користат во погрешно време, односно погрешни гуми за некое годишно време, нивниот век на траење драстично се намалува, доаѓа до пропаѓање на материјалот од кој се изработени, лош контакт со подлогата, загрозена безбеднос на патниците, поголема потрошувачка на гориво, побрзо пропаѓање на траповите...
   За да се ова биде испочитувано, секој возач би требало да купи мнимум два комплети на авто гуми, летни и зимски, и да ги менува како што се менуваат годишните времиња. За нашите услови ове е доста скапа инвестиција.
   Поради таа причина вработените во нашата фирма започнаа потрага по решение. Целта на потрагата беше да се пронајдат добри и квалитетни авто гуми кои ќе ги задоволат сите потреби на возачите и ќе обезбедат сигурно и безбедно возење, сето тоа по цена прифатлива за сечиј џеб.
   Главните перформанси кои нашиот тим ги бараше од гумите кои би ги нуделе на нашиот пазар се:
•   Подобра контрола со подлогата
•   Помали трати при кочење
•   ПОГОЛЕМА БЕЗБЕДНОСТ НА ПАТОТ!
•   Полесно и потивко возење
•   Продолжен животен век на трапот и амортизерите
•   ПОМАЛА ПОТРОШУВАЧКА НА ГОРИВО!

После долготрајните истражувања и многубројните состаноци со различни производители на гуми, нашата фирм потпиша договор со шпанската компанија INSA TURBO – PROTEKT. Овие гуми ги поседуваат сите потребни хомологации и сертификати за безбедност и екологија. Ги задоволуваат сите потреби на возачот и гарантираат сигурност, удобност и економичност. Исто така материјалите кои се користени за произведување на овие гуми потполно се ECO FRIENDLY (еколошки прифатливи)
Insa TURBO протектираните пневматици заземаа добар дел од пазарот на пневматици во Европската Унија, и САД и важат за едни од најквалитетните протектирани гуми.

НАПОМЕНА !!!
ВО МАКЕДОНИЈА ПРОТЕКТИРАНИТЕ ГУМИ ПОДЛЕЖАТ НА ДОЗВОЛА Д4 И БЕЗ ИСТАТА НЕ МОЖАТ ДА СЕ ПЛАСИРААТ НА ПАЗАРОТ.


Квалитет

Изработката на пневматици претставува комплексен процес кој има за цел една автомобилска гума да го добие се она што е потребно за да таа претставува безбедно средство за движење на автомобилот. Изработката на комплетната конструкција на пневматикот со цел да се формира едно тело, од куќиште(бочни ѕидови и метална конструкција) и нагазен слој, кај една авто гума и да се добие сигурна и безбедна целина изработката на гумата подлежи на строги технички испитувања и контроли.   
INSA TURBO е производител на протектирани гуми со користење на најновата техника на протектирање, протектирање од трет степен, односно топол протект. Главна цел во производството на овие протектирани гуми е гумите да го добијат квалитето кој го нудат новите гуми, исто како и пред протектирањето, то ест ист кавилитет како кај нова гума.
Протектираните гуми се имаат покажано како сигурни и трајни гуми (исто како и новите) како во сите лабораториски тестирања така и на патиштата после долгогодишно практично користење. Сигурноста на овие гуми е испитана така што гумата е тестирана во најтешките ситуации. Доказ за тоа е што сите авио компании во светот користат протектирани пневматици! Поради тоа протектираните гуми секојдневно се користат на автобуси, други теретни камиони, на трки, од страна на професионални возачи и комерцијални потрошувачи.
Денес TRIB (Информациско биро за протектирани гуми) тврди дека протектираните гуми се избор на поголемиот број на менаџери задолжени за возните паркови. Исто така истакнуваат  и дека северноамериканската камионска флота купува две протектирани пневматици по цена за еден.
INSA TURBO протектираните гуми имаат добиено најпрестижни национални и меѓународни награди, кои го потврдуваат квалитетот на нивните пневматици. INSA TURBO пневматиците се безбедни за користење исто како и новите гуми. Исто така поседуваат исти перформанси и се подеднакво квалитетни и удобни како новите гуми. Според горенаведеното, INSA TURBO протектираните гуми траат исто колку и новите, а нивната цена е многу помала по изминат километар.

Технологија

Процесот на обнова на половните гуми, односно протектирањето, се состои од замена на гумата и обновување на првобитната структура. Технички гледано тоа е доста сложен процес, но доколку добро се познаваат структурата на материјалите и производот, како и барањата кои се однесуваат на производството и контролата на квалитетот, се добива нови гуми со исти карактеристики како и оригиналот. Овој темелен технолошки процес, заедно со совршено обучен тим, овозможува компанијата INSA TURBO да гарантира за квалитетот на својот краен продукт.
Обновувањето на гумите се состои од следните фази:

•   ПОЧЕТЕН ПРЕГЛЕД

Почетен преглед, на кој мора да помине секоја половна гума, е најважниот чекор во целиот процес. Оваа фаза одредува дали една гума е погодна за протектирање или има непоправлива штета, некои недостатоци или е премногу стара за употребување
Почетниот преглед подразбира:
•   Визуелна инспекција
Надворешна инспекција: се проверува дали е дојдено до раздвојување на гумата, оксидација, длабоки или широки иссекотини, дефект на перлата, старост...
Внатрешна инспекција: при внатрешна инспекција се проверува внатрешниот дел на гумата. Се проверува внатрешниот ѕид дали е мек или шуплив, дали има дупки, убоди и слично. Сите податоци на крајот се запишуваат и се носат во посебна евиденција.
•   Инспекција за притисок
Во оваа фаза гумата прво се пумпа на 2бари и доколку не се детектира никаков проблем, се допонува на 8бари се со цел да се провери дали има некое раздвојување на жиците или некој “клобук”(брух). Доколку се открие било каков дефект, гумата се отфрла за понатамошна обработка.
•   Sherographer
Овој метод укажува на промени во структурата на гумата под стрес. Куќиштето поминува низ процес на јака инфлација и дефлација (надувување и издувување), додека ласер ја скенира нејзината внатрешност.
•   Брусење
Откако гумата ќе ги помине прегледите и се докаже дека е способна за обнова, доаѓа фазата на брусење. Во оваа фаза, механички се одстранува старата гума и се остава груба површина која е спремна за нанесување на нов газечки слој. Овој прцес е строго контролиран од страна на компјутер, а за брусењето се користат високо-технолошки машини со специјални сечила. Доста често се случува избрусеното куќиште да биде подобро избалансирано и поправилно обликувано за разлика од оригиналот.

•   ОБНОВА

Во оваа фаза процесот на протектирање, гумата повторно се испитува како и во првата фаза. Откако ќе помине фазата на испитување, во зависност од намената, се врши ладен или топол протект.
Процесот на ладна протекција подразбира лепење на претходно припремен газечки слој, на куќиштето. Овој процес е застарен и воглавно се користи за теретни и полутеретни програми на гуми.
Топол протект, познат и како “Bread to Bread molding”, подразбира комплетна обнова на старата гума. Овој процес подразбира нанесување на сирова гума на куќиштето, греење до точка на топење и во калапот, под висок притисок, соединување на куќиштето и газечкиот слој во една компонента.
Топлиот протект најмногу се користи за гумите за патнички возила.
INSA TURNO компанијата ги поседува сите потребни EU хомологации за протектирање на гумите кои ги има во понуда. Гаранцијата на INSA TURBO протектираните гуми е 2 години!

ЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА ?

1. Дали протектираните гуми се навистина исто безбедни како и нови гуми ?
ДА. Според резултатите од истражувањето на америчкото мнистерство за сообраќај, сообраќајните несреќи предизвикани од неадекватни гуми воглавно се последица на недоволно надувани или “ќелави” гуми. Гумите кои се во добра состојба, без разлика дали се тоа нови или протектирани, не предизвикуваат несреќи.

2. Колку ќе траат протектираните гуми ?
Со адекватно одржување, протектираните гуми ќе ве служат колку и новите гуми, доколку се третирани на ист начин. Протектирањето се врши кога ќе се види дека шарките на гумите се со помала длабочина, кога оттисокот е помалце изразен од оттисокот на нови гуми.

3. Дали постојат услови во кои не смее да се возат протектираните гуми ?
Не. Со протектираните гуми може да се оди секаде каде би се одело и со нови гуми. Овие гуми секојдневно се употребуваат на авиони, школски автобуси, такси возила, камиони, противпожарни возила.

4. Дали во Македонија е регулирана употребата на протектираните гуми ?
Промет и употреба на протектираните гуми во Македонија е регулиран со Законот за безбедност во сообраќајот. Према него, протектираните гуми мора да носат озната RETREADED, а минимална гаранција е 6 месеци од моментот на купување.

5. Колкаво е учеството на пртектирани патнички гуми во Европа ?
Според информацијата од европскиот пазар, учеството на протектирани патнички гуми е 1-2 % во Швајцарија, повеќе од 20% во скандинавските земји, додека во Германија е  од прилика 10% за летни и 20% за зимските гуми

За повеќе информации посетете ја нашата веб страна или официјалната веб страна на INSA TURBO.
http://www.carsystem.com.mk/
http://www.insaturbo.com/sec/en/
За гумите кои моментално ги имаме на залиха следете го долунаведениот линк.
http://www.carsystem.com.mk/%D0%B3%D1%83%D0%BC%D0%B8/ceni-gumi/
НАПОМЕНА! во моментов на залиха имаме зимски гуми меѓу кои има и гуми кои се класирани како "ALL SEASON" гуми со "M+S" ознака.


Кар Систем дооел
Ул.2 бр.45J Јурумлери
1047 Скопје
Македонија


Контакт :
моб. +389 71 368 410
фикс. +398 2 25 79 206
емаил info@carsystem.com.mk

Отсутен Blackadder

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 88
Одг: Зимски Гуми - INSA TURBO - Car System
« Одговори #1 на: 14 Јануари 2014, 11:18:11 am »
Според овој ценовник, цената на протектирана гума 195 50 15 е 3083 денари. Јас годинава го купив новиот модел на Matador (Sibir Snow) со истата големина за 3100-3200 денари. По мене, не е баш некоја голема заштеда...

Отсутен КарСистем

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 30
    • Веб Сајт на КарСистем
Одг: Зимски Гуми - INSA TURBO - Car System
« Одговори #2 на: 14 Јануари 2014, 12:20:10 pm »
Почитувани,

   Ваши пари Ваш избор. Наше е да понудиме она што го застапуваме, но финалната одлука секогаш е Ваша.

Кар Систем дооел

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Зимски Гуми - INSA TURBO - Car System
« Одговори #3 на: 14 Јануари 2014, 15:39:07 pm »
Уф, каков одговор. Исто како на пазар кога ќе речеш абе патлиџаниве скапани се а 60 денари кило?

Ваше е да објасните зошто да купиме протектирани гуми по иста цена како и нови гуми. Имајте во предвид дека ова не е пазар туку автомобилски ентузијастички форум и дека публиката овде знае\може да знае многу повеќе за гумите одошто вие би знаеле. Ченот Блоб постави одлично прашање на кое должите одговор. И мене ме интересира истото.

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Зимски Гуми - INSA TURBO - Car System
« Одговори #4 на: 14 Јануари 2014, 16:47:23 pm »
Што убав настап си име дечково далеку од пазарски.


Отсутен КарСистем

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 30
    • Веб Сајт на КарСистем
Одг: Зимски Гуми - INSA TURBO - Car System
« Одговори #5 на: 14 Јануари 2014, 16:49:15 pm »
Почитувани,

Се согласуваме дека ова не е пазар но одговорот на Вашето прашање веќе е поставенo во првиот пост на темава како и на приложените линкови и на истото е одговорено.
 
Членот The Blob си остави свое мислење и искуство со понудените цени и она што го има купено за својот автомобил. Колку можеме да приметиме конкретно прашање не беше поставено. Еднотавно не гледам што е тука неуко во одговорот дека секој за своите пари може си купи она за што мисли дека за него е најдобро.
Процесот протектирање не е потполно исто што и стара гума "СКАПАН патлиџан" по вашиот избор за споредба.

Дополнително, од она што на нашиот пазар е познато кај купувачите, односно непознато, и вистински квалитетните протектирани гуми го добиваат епитетот на "скапан патлиџан" само поради тоа што луѓето не се доволно информирани за процесит и начинот на протектирањето.

Гумите кои ние ги нудиме не се протектирани во Македонија туку се изработени во реномирана Шпанска фирма која како дел од Европската унија за да може да призведат ваков тип на производ, од кој зависи безбедноста на луѓето, подлежи на тестирања исти како кај сите други типови на гуми (нови гуми).

Нагласуваме дека станува збор за Топол Протект кој е потполно различен од процесот на Протектирање кој во Македонија е познат, т.е. Ладниот Протек кој претставува налепување само на нагазен слој на стара гума.


Сепак Ви благодариме што не опомнавте и ни дадовте до знаење дека дополнително во секој нареден пост треба да ја разработуваме повторно темата за начинот на изработка на гумите, (кој секако е објаснет и во првиот пост) со цел да стане појасен продуктот кој ние го нудиме и едноставно да докажеме дека не станува збор за "скапани патлиџани"

Кар Систем дооел
Ул.2 бр.45J Јурумлери
1047 Скопје
Македонија


Контакт :
моб. +389 71 368 410
фикс. +398 2 25 79 206
емаил info@carsystem.com.mk

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Зимски Гуми - INSA TURBO - Car System
« Одговори #6 на: 14 Јануари 2014, 16:55:40 pm »
Сметам дека треба да се напомене дека од овој процес највеќе бенефит имаат товарни и теренски возила со големи и скапи пневматици.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Зимски Гуми - INSA TURBO - Car System
« Одговори #7 на: 14 Јануари 2014, 16:55:53 pm »
Тоа е тоа што се бараше. Дека гумите се тестирани и по перформанси и по доверливост се слични/исти со новите гуми па од таму и цената која ја имаат.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7056
Одг: Зимски Гуми - INSA TURBO - Car System
« Одговори #8 на: 14 Јануари 2014, 17:35:38 pm »
Мене лично (се надевам и другите форумџии)  ме интересира каде би можеле да видиме некои тестови/споредби со познативе брендови од сите класи, Конти, Мишелин, Ханког, Барум ....пример како тие што се на ADAC.
За секој нов производ/технологија се поставуваат разно разни прашања, зошто ваше е да покажете зошто некој треба да го купи овој производ. Нормално, докажаните одговори, на долг рок ќе ви донесат потрошувачи за кои верувам сите компании што се во тој бизнис се борат.

Јас случајно ја видов вашата страна пред некој месец и се изненадив дека и вакво нешто имало кај нас, но исто како и членот што го постави прашањето за економската логика на кумување ваков вид на гума, си го поставив и јас.

Добродојдовте на форумот, се надевам ќе ни ги разрешите дилемите.

.

Отсутен КарСистем

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 30
    • Веб Сајт на КарСистем
Одг: Зимски Гуми - INSA TURBO - Car System
« Одговори #9 на: 15 Јануари 2014, 11:21:58 am »
Сметам дека треба да се напомене дека од овој процес највеќе бенефит имаат товарни и теренски возила со големи и скапи пневматици.
Вашата напомена е на место, но само кога станува збор за гуми кои се протектирани на првиот начин, а тоа е Ладен Протект. Да напоменеме уште еднаш, ладниот протект претставува налепување на нов нагазен слој на базата на стара гума, што е доста ефтина варијанта која исто така се прави и кај нас во Македонија (не во нашата фирма).

 Истиот процес може да се користи и кај гумите за камиони но и за лесни возила, па така можеме да земиме во предвид дека еден пневматик за автомобил која е протектирана на овој начин би можел да има цена, од прилика околу 1000 денари со што и тие би биле доста евтини.

Пневматиците кои ние ги нудиме се протектирани со трет степен на протект односно Топол Протект кој, накратко, подразбира искористување на челичната конструкција од веќе потрошена гума ( се разбира и челичната конструкција подлежи на тестирање исто како и конструкцијата кај новите гуми) и лиење на потполно нова сирова гума на истата. Со тоа се добива Нова Гума која поради задржаната челична конструкција од потрошена гума мора да го носи името ПРОТЕКТИРАНА.

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: Зимски Гуми - INSA TURBO - Car System
« Одговори #10 на: 15 Јануари 2014, 14:45:12 pm »
реално,ново си е ново и нема потреба од репарирано ако тоа е иста цена со новото,да беа барем за 30% поефтини од најефтините нови гуми во димензијата можда ќе се исплатеше

Отсутен Blackadder

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 88
Одг: Зимски Гуми - INSA TURBO - Car System
« Одговори #11 на: 15 Јануари 2014, 14:51:31 pm »
Почитувани,

Се согласуваме дека ова не е пазар но одговорот на Вашето прашање веќе е поставенo во првиот пост на темава како и на приложените линкови и на истото е одговорено.
 
Членот The Blob си остави свое мислење и искуство со понудените цени и она што го има купено за својот автомобил. Колку можеме да приметиме конкретно прашање не беше поставено. Еднотавно не гледам што е тука неуко во одговорот дека секој за своите пари може си купи она за што мисли дека за него е најдобро.
Процесот протектирање не е потполно исто што и стара гума "СКАПАН патлиџан" по вашиот избор за споредба.

Дополнително, од она што на нашиот пазар е познато кај купувачите, односно непознато, и вистински квалитетните протектирани гуми го добиваат епитетот на "скапан патлиџан" само поради тоа што луѓето не се доволно информирани за процесит и начинот на протектирањето.

Гумите кои ние ги нудиме не се протектирани во Македонија туку се изработени во реномирана Шпанска фирма која како дел од Европската унија за да може да призведат ваков тип на производ, од кој зависи безбедноста на луѓето, подлежи на тестирања исти како кај сите други типови на гуми (нови гуми).

Нагласуваме дека станува збор за Топол Протект кој е потполно различен од процесот на Протектирање кој во Македонија е познат, т.е. Ладниот Протек кој претставува налепување само на нагазен слој на стара гума.


Сепак Ви благодариме што не опомнавте и ни дадовте до знаење дека дополнително во секој нареден пост треба да ја разработуваме повторно темата за начинот на изработка на гумите, (кој секако е објаснет и во првиот пост) со цел да стане појасен продуктот кој ние го нудиме и едноставно да докажеме дека не станува збор за "скапани патлиџани"


Еве што ми беше поентата. Истиот процес го видов пред некоја година на Discovery, на емисијата How It's Made.




Навистина ми беше интересен процесот и во тој момент размислував за да побарам дали постојат вакви гуми во МК, но само заради тоа што потенцираа дека (во зависност од типот и големината) протектираната гума е 30-60% поевтина од нова (спомнато во последната минута на видеото кое го постирав).
Јас очекував цените за мојата големина да бидат во рангот 1500 - 2000 денари.
3100 денари веќе е иста цена со таа на нов модел на нова гума.
Но во секој случај во право сте - секој може да одлучи што да купи со своите пари  :)


Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Зимски Гуми - INSA TURBO - Car System
« Одговори #12 на: 15 Јануари 2014, 15:19:28 pm »
Каков ли брзински индекс имаат репарираниве гуми?
На камионските гуми пишува regroovable ако се погодни за репарирање. Кај гумите за патнички возила не сум сретнал да постои такво нешто. А што велат производителите на гуми за репарирањето на гумите од нивно производство?

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14291
  • Пудингот на шоферството
Одг: Зимски Гуми - INSA TURBO - Car System
« Одговори #13 на: 15 Јануари 2014, 15:58:16 pm »
Миле нема гума која не е за репарирање,не мора да пишува regroovable.Пример на камионите купуваш нови ги возиш до кај 100-150Ккм макс. и после тоа ако не ги оштетиш ѕидовите можеш да ги протектираш.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Vlatce-Vectra

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5654
Одг: Зимски Гуми - INSA TURBO - Car System
« Одговори #14 на: 15 Јануари 2014, 16:29:56 pm »
na vasiov sajt vidov dimenzija na guma 175-65-14 cenata e skoro ista kako na nova guma od poevtinive brendovi.
neli treba protektirana guma da bide barem kako sto kaza smicka 30% poevtina nego  nova guma.
na vremeto na fersped avtopazarot pred vlezot kade sto se prodavaa kolite znaci pravo po ulicata koga se idese pri kraj od desna strana imase eden pikap i kombe od mislam deka bese MAK GUMA prodavaa protektirani gumi mislam deka imaa 6 meseci garancija ali cenata bese daleku poevtina nego nova vo prodavnica..
da ne ve kobam  ali so ovie ceni tesako dase probiete na ovoj pazar kaj patnickite vozila za tovarnite neznam ali za patnicka  guma tesko da ubedis nekoj deka protektirana guma e podobra nego nova ili pak so isti performansi..samata psiha kje te utepa koa kje misliis deka imas protektirani gumi a si gi platil isto kako dase novi od dukjan..da e mesto 3000 den da bide 2000 den. aj kje reces  poevtini se dosta pa kje se pomiris so toa