АВТО ГУМИ INSA TURBO Секој ден се појавува нова безбедносна опрема: воздушни перничиња (AIRBAG), систем за сопирање (кочници), безбедносни каиши, разни електронски уреди... но сите забораваат дека единствената точка на контрола помеѓу возилото и површината се автомобилските гуми односно пневматиците.
Гумите мора да држат тежина, го пренесуваат забрзувањето и кочењето, го насочуваат возилото и учествуваат во стабилноста, амортизацијата и удобноста на возилото. Само вистинските професионалци ги разбираат технолошките напори како што се дизајнот и изработката на пневматикот.
Многу е важно да се користат летните гуми во лето, а зимските гуми во зима. Летните и зимските авто гуми се изработени и тестирани во различни услови и се наменети за различни годишни времиња. Доколку гумите се користат во погрешно време, односно погрешни гуми за некое годишно време, нивниот век на траење драстично се намалува, доаѓа до пропаѓање на материјалот од кој се изработени, лош контакт со подлогата, загрозена безбеднос на патниците, поголема потрошувачка на гориво, побрзо пропаѓање на траповите...
За да се ова биде испочитувано, секој возач би требало да купи мнимум два комплети на авто гуми, летни и зимски, и да ги менува како што се менуваат годишните времиња. За нашите услови ове е доста скапа инвестиција.
Поради таа причина вработените во нашата фирма започнаа потрага по решение. Целта на потрагата беше да се пронајдат добри и квалитетни авто гуми кои ќе ги задоволат сите потреби на возачите и ќе обезбедат сигурно и безбедно возење, сето тоа по цена прифатлива за сечиј џеб.
Главните перформанси кои нашиот тим ги бараше од гумите кои би ги нуделе на нашиот пазар се:
• Подобра контрола со подлогата
• Помали трати при кочење
• ПОГОЛЕМА БЕЗБЕДНОСТ НА ПАТОТ!
• Полесно и потивко возење
• Продолжен животен век на трапот и амортизерите
• ПОМАЛА ПОТРОШУВАЧКА НА ГОРИВО!
После долготрајните истражувања и многубројните состаноци со различни производители на гуми, нашата фирм потпиша договор со шпанската компанија INSA TURBO – PROTEKT. Овие гуми ги поседуваат сите потребни хомологации и сертификати за безбедност и екологија. Ги задоволуваат сите потреби на возачот и гарантираат сигурност, удобност и економичност. Исто така материјалите кои се користени за произведување на овие гуми потполно се ECO FRIENDLY (еколошки прифатливи)Insa TURBO протектираните пневматици заземаа добар дел од пазарот на пневматици во Европската Унија, и САД и важат за едни од најквалитетните протектирани гуми.
НАПОМЕНА !!!
ВО МАКЕДОНИЈА ПРОТЕКТИРАНИТЕ ГУМИ ПОДЛЕЖАТ НА ДОЗВОЛА Д4 И БЕЗ ИСТАТА НЕ МОЖАТ ДА СЕ ПЛАСИРААТ НА ПАЗАРОТ. КвалитетИзработката на пневматици претставува комплексен процес кој има за цел една автомобилска гума да го добие се она што е потребно за да таа претставува безбедно средство за движење на автомобилот. Изработката на комплетната конструкција на пневматикот со цел да се формира едно тело, од куќиште(бочни ѕидови и метална конструкција) и нагазен слој, кај една авто гума и да се добие сигурна и безбедна целина изработката на гумата подлежи на строги технички испитувања и контроли.
INSA TURBO е производител на протектирани гуми со користење на најновата техника на протектирање, протектирање од трет степен, односно топол протект. Главна цел во производството на овие протектирани гуми е гумите да го добијат квалитето кој го нудат новите гуми, исто како и пред протектирањето, то ест ист кавилитет како кај нова гума.
Протектираните гуми се имаат покажано како сигурни и трајни гуми (исто како и новите) како во сите лабораториски тестирања така и на патиштата после долгогодишно практично користење. Сигурноста на овие гуми е испитана така што гумата е тестирана во најтешките ситуации. Доказ за тоа е што сите авио компании во светот користат протектирани пневматици! Поради тоа протектираните гуми секојдневно се користат на автобуси, други теретни камиони, на трки, од страна на професионални возачи и комерцијални потрошувачи.
Денес TRIB (Информациско биро за протектирани гуми) тврди дека протектираните гуми се избор на поголемиот број на менаџери задолжени за возните паркови. Исто така истакнуваат и дека северноамериканската камионска флота купува две протектирани пневматици по цена за еден.
INSA TURBO протектираните гуми имаат добиено најпрестижни национални и меѓународни награди, кои го потврдуваат квалитетот на нивните пневматици. INSA TURBO пневматиците се безбедни за користење исто како и новите гуми. Исто така поседуваат исти перформанси и се подеднакво квалитетни и удобни како новите гуми. Според горенаведеното, INSA TURBO протектираните гуми траат исто колку и новите, а нивната цена е многу помала по изминат километар.
ТехнологијаПроцесот на обнова на половните гуми, односно протектирањето, се состои од замена на гумата и обновување на првобитната структура. Технички гледано тоа е доста сложен процес, но доколку добро се познаваат структурата на материјалите и производот, како и барањата кои се однесуваат на производството и контролата на квалитетот, се добива нови гуми со исти карактеристики како и оригиналот. Овој темелен технолошки процес, заедно со совршено обучен тим, овозможува компанијата INSA TURBO да гарантира за квалитетот на својот краен продукт.
Обновувањето на гумите се состои од следните фази:
• ПОЧЕТЕН ПРЕГЛЕД
Почетен преглед, на кој мора да помине секоја половна гума, е најважниот чекор во целиот процес. Оваа фаза одредува дали една гума е погодна за протектирање или има непоправлива штета, некои недостатоци или е премногу стара за употребување
Почетниот преглед подразбира:
• Визуелна инспекција
Надворешна инспекција: се проверува дали е дојдено до раздвојување на гумата, оксидација, длабоки или широки иссекотини, дефект на перлата, старост...
Внатрешна инспекција: при внатрешна инспекција се проверува внатрешниот дел на гумата. Се проверува внатрешниот ѕид дали е мек или шуплив, дали има дупки, убоди и слично. Сите податоци на крајот се запишуваат и се носат во посебна евиденција.
• Инспекција за притисок
Во оваа фаза гумата прво се пумпа на 2бари и доколку не се детектира никаков проблем, се допонува на 8бари се со цел да се провери дали има некое раздвојување на жиците или некој “клобук”(брух). Доколку се открие било каков дефект, гумата се отфрла за понатамошна обработка.
• Sherographer
Овој метод укажува на промени во структурата на гумата под стрес. Куќиштето поминува низ процес на јака инфлација и дефлација (надувување и издувување), додека ласер ја скенира нејзината внатрешност.
• Брусење
Откако гумата ќе ги помине прегледите и се докаже дека е способна за обнова, доаѓа фазата на брусење. Во оваа фаза, механички се одстранува старата гума и се остава груба површина која е спремна за нанесување на нов газечки слој. Овој прцес е строго контролиран од страна на компјутер, а за брусењето се користат високо-технолошки машини со специјални сечила. Доста често се случува избрусеното куќиште да биде подобро избалансирано и поправилно обликувано за разлика од оригиналот.
• ОБНОВА
Во оваа фаза процесот на протектирање, гумата повторно се испитува како и во првата фаза. Откако ќе помине фазата на испитување, во зависност од намената, се врши ладен или топол протект.
Процесот на ладна протекција подразбира лепење на претходно припремен газечки слој, на куќиштето. Овој процес е застарен и воглавно се користи за теретни и полутеретни програми на гуми.
Топол протект, познат и како “Bread to Bread molding”, подразбира комплетна обнова на старата гума. Овој процес подразбира нанесување на сирова гума на куќиштето, греење до точка на топење и во калапот, под висок притисок, соединување на куќиштето и газечкиот слој во една компонента.
Топлиот протект најмногу се користи за гумите за патнички возила.
INSA TURNO компанијата ги поседува сите потребни EU хомологации за протектирање на гумите кои ги има во понуда. Гаранцијата на INSA TURBO протектираните гуми е 2 години!
ЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА ?1. Дали протектираните гуми се навистина исто безбедни како и нови гуми ?
ДА. Според резултатите од истражувањето на америчкото мнистерство за сообраќај, сообраќајните несреќи предизвикани од неадекватни гуми воглавно се последица на недоволно надувани или “ќелави” гуми. Гумите кои се во добра состојба, без разлика дали се тоа нови или протектирани, не предизвикуваат несреќи.
2. Колку ќе траат протектираните гуми ?
Со адекватно одржување, протектираните гуми ќе ве служат колку и новите гуми, доколку се третирани на ист начин. Протектирањето се врши кога ќе се види дека шарките на гумите се со помала длабочина, кога оттисокот е помалце изразен од оттисокот на нови гуми.
3. Дали постојат услови во кои не смее да се возат протектираните гуми ?
Не. Со протектираните гуми може да се оди секаде каде би се одело и со нови гуми. Овие гуми секојдневно се употребуваат на авиони, школски автобуси, такси возила, камиони, противпожарни возила.
4. Дали во Македонија е регулирана употребата на протектираните гуми ?
Промет и употреба на протектираните гуми во Македонија е регулиран со Законот за безбедност во сообраќајот. Према него, протектираните гуми мора да носат озната RETREADED, а минимална гаранција е 6 месеци од моментот на купување.
5. Колкаво е учеството на пртектирани патнички гуми во Европа ?
Според информацијата од европскиот пазар, учеството на протектирани патнички гуми е 1-2 % во Швајцарија, повеќе од 20% во скандинавските земји, додека во Германија е од прилика 10% за летни и 20% за зимските гуми
За повеќе информации посетете ја нашата веб страна или официјалната веб страна на INSA TURBO.
http://www.carsystem.com.mk/http://www.insaturbo.com/sec/en/За гумите кои моментално ги имаме на залиха следете го долунаведениот линк.
http://www.carsystem.com.mk/%D0%B3%D1%83%D0%BC%D0%B8/ceni-gumi/НАПОМЕНА! во моментов на залиха имаме зимски гуми меѓу кои има и гуми кои се класирани како "ALL SEASON" гуми со "M+S" ознака.
Кар Систем дооел
Ул.2 бр.45J Јурумлери
1047 Скопје
Македонија
Контакт :
моб. +389 71 368 410
фикс. +398 2 25 79 206
емаил info@carsystem.com.mk