Почитувани,
Пред се Ви благорадам за заинтересираноста за производот кој ние го нудиме и за навлегувањето во детали за истите.
Протектираните гуми имаат пониска цена од 30-60%?
Да. 60% пониска цена имаат гумите кои се протектирани со ладен протект, со самото тоа соодносот цена-процес-квалитет зависи од повеќе фактори, па поради тоа гумите кои ние ги нудиме се далеку поскапи од Вашите очекувања поради самиот процес каде не може да се очекува пониска цена од 60%. Воедно да бидеме реални 60% во разлика на цената нема ни во случај за споредба просечно квалитетна нова гума и сосема стара гума без никаква гаранцја купена кај вулканизер или на некое складиште. Воедно протектирањето е процес на обновување а не продавање на стара гума без никава гаранција за користење на истата.
Цената на гумите кои ние ги нудиме е за малце пониска од цената на нови гуми од најевтините производители. Секој произвотдел ја формира цената на основа на квалитетот на материјалите, производниот процес, земјата на производство а воедно и понатаму е пракса највеќе да платиме за името и брендот отколку што сме сигурни што купуваме.
Цената на протектирана гума е најниска доколку процесот на протектирање се врши во државата каде истата се продава. Кај нас во Македонија се прават протектирани гуми но само со ладен протект и тоа само за камионите, автобусите и возилата кои се за транспортна употреба, но и тука има правила и прописи кој и како смее да ги користи. Протектирање од трет степен или топол протект, каков што е извршен на презентираните производи не се прави во нашата држава, со самото тоа транспортот, додатното ДДВ од 18%, дозвола за увоз и низа други фактори влијаат на финалната цена на производот.
Според се ова што го наведовме цената на овие протектирани гуми не може да има 30 или повеќе % помала цена во споредба со нови гуми од производител кој нуди гуми со најниски цени.
Сите оние што ги интересира и што се навлезени во оваа проблематика знаат дека на самата гума е пресувана информација за се што производителот смета и по закони е препорачано да биде видливо и достапно како податок за корисникот на производите. Со самото тоа е јасно дека голем дел од фабриките доколку сакаат можат воопшто и да не наведат дека станува збор за протектиоран производ со што би се олеснила и комплетната процедура за извоз и увоз. Секој обичен купец нема да навлегува во историјата на производството бидејќи за поголемиот дел најбитна е информацијата, квалитетот кој секако прво визуелно ќе го оцени и се разбира цената. Грешка во сериско производство постои во секоја област од индустријата затоа и постои гаранција за производот. Доколку има потреба за рекламација на производот истот се заменува кај повеќето без итересирање од страна на купецот како и зошто е дојдено до тој момент бидејќи сепак ќе добие заменски производ.
Да бидеме реални малку се оние који во целот би се интересирале за се и прашање е дали некогаш воопшто би добиле информација дали една гума е комплетно нова или е протектирана. Сетоа ова е само логично размислување што не значи дека пракса кај прпизводителите на нови гуми но секако постои како можност за размислување.
Ние само ги пренесуваме информациите кои се наведени на самиот производ а вооедно и не сакаме да понудиме нешто за што всушност не станува збор. Но доколку на самиот производ не е наведено дека е “retread” сигурни сме дека 95% од купувачите не би се ни посомневале за што станува збор.
Лошата информираност во врска со достапноста, квалитетот и употребата на протектираните гуми на нашиот пазар доведува до конфузија дека би купиле стра гума иста како од некој склад за стари авто делови.
Дополнително, не сме во можност да ви доставиме тестови или споредби на INSA TURBO автомобилските гуми со други производи поради тоа што официјални тестови од фабриката која ги произведува не се доставени до нас. Поради фактот што процесот за увезување на протектирани гуми е доста комплексен и одзема доста време, на нас не ни ни текна да се побараат истите. Поради причината што ова е прва тура на гуми кои ние ги увезуваме а за вакви гуми до сега никој нема правено вакви тестови во Македонија или околината, не можеме да ви доставиме тест. Зимските гуми сеуште нема каде да се тестираат поради временските погоди, а штом се створат услови за тестирање на истите, најверојатно во соработка со “carclub“ ќе се изврши тестирање на истите на кое ќе може и вие да присуствувате но и јавно ќе бидат поставени за секој да може да ги види. Дополнително, најверојатно после пристигнувањето на втората тура(тоа ќе бидат летни гуми) ќе се извршат тестови и за нив.
Да напоменеме, на самите гуми има втиснато информации околу издржливоста и перформансите на гумите, индекс за брзина, носивост и др. па според истите може да се заклучи за квалитетот кој тие го нудат. Повелете постете не и видете за што поточно станува збор.
Кар Систем дооел
Ул.2 бр.45J Јурумлери
1047 Скопје
Македонија
Контакт :
моб. +389 71 368 410
фикс. +398 2 25 79 206
емаил info@carsystem.com.mk