Најнормална церада од 800 до 2000 денари ќе ти заврши работа.
Сите се обложени со мек материјал одвнатре, разликата е во дебелината и издржливоста на надворешниот "шушкавец" ама и поскапите горат на сонце, така да ако колата е на сонце секој ден од Мај до Септември, секако во Октомври ќе се купиш нова, бидејќи од сонцето церадата гори и се кине како тоалет хартија.
Сум покривал кола и со партал церада за да ја заштитам од сонце, па паѓало дожд, па се сушела следен ден без проблеми.
Ако немаш стреа немаш друго решение освен церада или чаршави, ама вториве нели, не се водоотпорни.
Оние што се обложени со пена /сунѓер против грат коштаат троструко и се непрактични за склапање ако треба почесто да се вади/става.
Битно, не оставај кола на сонце преку лето.