Здраво, знам дека има доста теми со оваа содржина, но како што гледав повеќето се стари и скоро сите се базирани само на 2 бензиски, макпетрол или лукоил.
Имам Mazda 3 2.2d, турив обичен дизел на лукоил, околу 30 литри. За 2 дена резервоарот беше празен, а не извозив скоро ништо. Наредниот пат турив од макпетрол и забележав дека многу повеќе километри правам за истите пари. Разлика во јачината и работата на моторот не забележав. Сега, последните 2 пати, нафта турам во Shell Битола, мада не сум сигурен дали е навистина Шел и каква нафта имаат. Некоја wauu промена немам забележано.
Имам неколку прашања за кои не сум баш сигурен, и тоа:
Дали останатите бензиски се тотално надвор од игра или и тие ја користат истата нафта?
Дали бензинските кои се надвор од градовите, т. е. на
регионални и магистрални патишта навистина точат подобра нафта?
Ми препорачаја од автосервисот од време на време да турам премиум гориво со некои адитиви за подобро да се регенерира колата и DPF-то. Каде има најдобра премиум нафта? Црна река имаат еден, Битоил друг, макпетрол трет итн итн.