Автор Тема: Чкрипење на плочки  (Прочитано 15004 пати)

Отсутен Rakun4e

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9194
  • Аstra la vista baby !
Чкрипење на плочки
« на: 21 Јули 2011, 03:33:36 am »
Како што кажува насловот се работи за чкрипење на плочките од кочниците.
Пред нецели 1000 км ги сменив плочките на задните дискови и сега кога кочам чкрипат и ужасно ме нервираат  >:(
Чаре ??? 

Отсутен Vlatzki

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2069
Одг: Чкрипење на плочки
« Одговори #1 на: 21 Јули 2011, 03:39:05 am »
Најверојатно проблемот е до неквалитетни плочки на кои им се измениле механичките својства, па чкрипи... Исто така види на дисковите да не имаш некои траги од нечистотија, ако се прљави, исчисти ги со чиста и сува крпа. :)

Отсутен DareBmw

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4305
  • К’мет
Одг: Чкрипење на плочки
« Одговори #2 на: 21 Јули 2011, 11:14:40 am »
И кај мене така шкрипат и многу нервира мене ми рекоа дека не биле квалитетни плочките а ги сменив пред 5000км сега почнаа да шкрипат свират дури :D

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10963
  • 430i
Одг: Чкрипење на плочки
« Одговори #3 на: 21 Јули 2011, 11:51:25 am »
Јас на Ибица имав таков проблем. Има средство за таа намена, конкретно јас користев на Вурт, се изгуби чкрипењето ;)

П.С. А ја отварам темава и викам кој па сега правел шлајфки на плочки :)

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Чкрипење на плочки
« Одговори #4 на: 21 Јули 2011, 12:15:13 pm »
Средството се вика:

Wurth, saBesto
Bremsenreiniger
okolu 300 den. e 650 ml

Можеш и со 96% алкохол...

Отсутен DareBmw

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4305
  • К’мет
Одг: Чкрипење на плочки
« Одговори #5 на: 21 Јули 2011, 13:17:47 pm »
А каде може да се купи :D

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Чкрипење на плочки
« Одговори #6 на: 21 Јули 2011, 13:44:19 pm »

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20665
Одг: Чкрипење на плочки
« Одговори #7 на: 21 Јули 2011, 13:54:51 pm »
Абе и мене некое шкрипнување ми се јавува на Мицубишито, ама само на прво палење... И го снемува додека да излезам од паркинг... Некаква идеја од што може да биде? Плочките не се нити изабени, нити бутур, така да, не е до тоа... Ама појма немам од што може да биде.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Чкрипење на плочки
« Одговори #8 на: 21 Јули 2011, 14:06:51 pm »
Абе и мене некое шкрипнување ми се јавува на Мицубишито, ама само на прво палење... И го снемува додека да излезам од паркинг... Некаква идеја од што може да биде? Плочките не се нити изабени, нити бутур, така да, не е до тоа... Ама појма немам од што може да биде.
'рѓа ! ;)

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Чкрипење на плочки
« Одговори #9 на: 21 Јули 2011, 14:09:04 pm »
И влажни ако се гурните, па додека испари водата.

Отсутен Rakun4e

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9194
  • Аstra la vista baby !
Одг: Чкрипење на плочки
« Одговори #10 на: 21 Јули 2011, 15:12:30 pm »
Абе да ги е*ам нема 1000 км од ко ги сменав. Не можев да најдам Феродо и му стегнав ЛПР, ете ги почнаја да чкрипат.
Џиџи сретството ( или алкохолот ) кај се нанесва, на плочките или на дискот ?
Или јас да го конзумирам да не ми чкрипи во мозокот  :D

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Чкрипење на плочки
« Одговори #11 на: 21 Јули 2011, 15:20:36 pm »
Спреј е, прскаш на дисковите (на плочките неможеш :) ).



Отсутен stig

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 933
Одг: Чкрипење на плочки
« Одговори #12 на: 21 Јули 2011, 20:15:22 pm »
Абе да ги е*ам нема 1000 км од ко ги сменав. Не можев да најдам Феродо и му стегнав ЛПР, ете ги почнаја да чкрипат.
Џиџи сретството ( или алкохолот ) кај се нанесва, на плочките или на дискот ?
Или јас да го конзумирам да не ми чкрипи во мозокот  :D

Добро е си ја погодил марката :D јас ставив лпр на едно ауди а6 од толку што се ѓубре индикаторот за итрошеност не успеа да се изгаси.

Отсутен BokiCivic

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3803
  • Боинг 747
Одг: Чкрипење на плочки
« Одговори #13 на: 21 Јули 2011, 21:18:15 pm »
toa e samo od nekvaliteten materijal, spreovite pomagaat ama za kratko vreme ako se zagreat poise pak se vraka zvukot.
a vo idnina koga ke kupuvas plocki ke baras TRW (www.trw.com)  jas imam takvi na Hondata top se.




Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Чкрипење на плочки
« Одговори #14 на: 21 Јули 2011, 22:44:25 pm »
Абе и мене некое шкрипнување ми се јавува на Мицубишито, ама само на прво палење... И го снемува додека да излезам од паркинг... Некаква идеја од што може да биде? Плочките не се нити изабени, нити бутур, така да, не е до тоа... Ама појма немам од што може да биде.
Тоа е од ’рѓа што се нафаќа од влажмиот воздух.
Мене на Спаркот ми шкрипеа задните гуртни некаде на пример од 15.000 до 25.000км при одреден степен на стискање на кочница и при застанување ама се изгуби тоа само од себе. Сега нема никаков звук.

Некаде читав за некој пост-доктор од Ерменија кој измислил материјал кој воопшто не произведува никаков звук кај кочниците и во истиот натпис пишување дека исклучиво (не неквалитетен туку) некомпатибилен материјал на плочката со дискот или обратно. јас донесов заклучок дека за секој диск има соодветна плочка. Само треба да се погодат и ќе нема проблем