Автор Тема: Pomos okolu "eventualen" izbor na Teleskop  (Прочитано 6497 пати)

Присутен DENDE-LANCERED

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5503
  • LANCER EVO (GreeN EditioN)
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html
Pomos okolu "eventualen" izbor na Teleskop
« на: 10 Јануари 2014, 00:13:23 am »
Kako sto kazuva temata, me interesira posto sum bas laik vo Astronomstvoto :D :D :D, nekoj sovet okolu kupuvanje na teleskop za po doma.

Vo plan mi e da odam vo naredniov period do B&H vo superstorot sto go imaat vo New york i da zemam nekoj teleskop.

http://www.bhphotovideo.com/c/browse/Telescopes-Accessories/ci/3389/N/4100994442

Sto bi preporacale vie.

Ako se sekavam Mile bese po ovoj sport  ;D, pa sega druze pukaj, ali keep in mind, zboris so apsoluten pocetnik vo ova pa zatoa poleka so strucni poimi :D.

Nezno klikni na; http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html      If you want to have a free ride!

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34064
  • Таков е животот... јебига
Одг: Pomos okolu "eventualen" izbor na Teleskop
« Одговори #1 на: 10 Јануари 2014, 00:27:04 am »
Јас ги гледав во New York, но не паметам точно како се викаа продавниците. Тоа што тебе ти треба е телескоп рефлектор а не рефрактор. Може и рефрактор ама рефлектор е подобар. Колку пати ќе приближува зависи од окуларот но тебе тоа не ти е битно. Битно ти е примарниот отвор да биде што поширок, односно цефката да е што поширока (за да може да земе што е можно повеќе светлина и да ти даде подобра резолуција).

Би ти препорачал нешто во овој стил:

http://www.telescope.com/Telescopes/Beginner-Telescopes/Orion-StarSeeker-II-130-GoTo-Reflector-amp-SkyLine-Kit/pc/-1/c/1/sc/21/p/102402.uts

или поевтина варијанта:
http://www.telescope.com/Telescopes/Beginner-Telescopes/Orion-StarBlast-45-Equatorial-Reflector-Telescope/pc/-1/c/1/sc/21/p/9798.uts

Ова е рефрактор:
http://www.telescope.com/Gift-Center/Best-Lunar-and-Planetary-Telescopes/Orion-StarSeeker-II-102-GoTo-Refractor-amp-SkyLine-Kit/pc/-1/c/7/sc/710/p/102867.uts

Разликата од рефлекторот е што рефракторот е позгоден за набљудување ама кај рефракторот монтирањето на камера е полесно (тоа би ти било фаза 2 ако имаш добра камера, подоцна ќе си докупиш држач. ова бара бајаги знаење од фотографија).

Јас би одел на првиот за 450$ или на вториот. Двата ќе ти бидат доволни да можеш да навлезеш во intermediate ниво. СО него ќе можеш убаво да ги гледаш сите планети, освен Плутон и Меркур. Ќе можеш да гледаш голем број на галаксии, отворени и затворени ѕвездени јата (кои не се баш интересни). Ќе можеш и маглини (небули) да гледаш но за убава резолуција ќе ти требаат одредени светлински филтри, но за тоа ти е рано, веројатно во иднина ќе навлезеш и во тоа.
Имаш окулари од x20 до х40 штое добро за Месечината, Марс, Јупитер со сателитите, па имаш х60-х80 за Сатурн и далечни објекти како галаксии и маглини. Понатаму имаш х100-х200 но за толкави окулари примарен отвор од 130мм ќе е мал и нема поента да купуваш такви окулари зошто резолуцијата ќе ти биде многу слаба и ќе имаш бајаги треперење ради влажноста во воздухот.

Појди разгледај, запиши кои модели се во понуда и со кои цени па ќе прашаме дополнително одредени експерти кои ги познавам.

М.

Присутен DENDE-LANCERED

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5503
  • LANCER EVO (GreeN EditioN)
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html
Одг: Pomos okolu "eventualen" izbor na Teleskop
« Одговори #2 на: 10 Јануари 2014, 01:11:10 am »
Cekaj cekaj,

sakas da mi kazes deka so ovoj http://www.telescope.com/Telescopes/Beginner-Telescopes/Orion-StarSeeker-II-130-GoTo-Reflector-amp-SkyLine-Kit/pc/-1/c/1/sc/21/p/102402.uts
ne ke moze  da se slika?

Jas veke poseduvam Nikon D70s koj vo plan mi e da go menuvam za nesto pojako, so poveke mega pixeli.

Za kupuvanje ne mora od B&H moze i online.
Od B&H na vremeto go kupiv Nikonot komplet so objektivi, imam i 70-300mm ki pokraj osnovniot 18 - 70.

Dokolku postoi opcija za Camera mount bi sakal se toa da nabavam sega naednas.

Toj price point do $450 mi odgovara.

Nezno klikni na; http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html      If you want to have a free ride!

Присутен DENDE-LANCERED

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5503
  • LANCER EVO (GreeN EditioN)
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html
Одг: Pomos okolu "eventualen" izbor na Teleskop
« Одговори #3 на: 10 Јануари 2014, 01:57:13 am »
http://www.telescope.com/Telescopes/Intermediate-Telescopes/Orion-AstroView-6-Equatorial-Reflector-Telescope/pc/-1/c/1/sc/22/p/9827.uts

A vakvo nesto?

Citav vo review i go imaat kupeno nekolku pocetnici.
Go sporediv so toj sto ti mi go rpeprace prethodno i imaat ralika vo magnification, edniot e 260x a drugiot 300x.
Optical diameter 130mm vs 150mm.
Razlikata vo cena ne e golema.

E sega edno prasanje,
kakvi vidovi na mounting postojat, jas sretnav equatorial i altazimyth?

Drugo epten amatersko prasanje;
dali moze da se koristi na nekoj nacin kako dvogled, primer za nabluduvanje na planinski vrv i slicno, ili postoi drug tip na teleskop za toa?
Nezno klikni na; http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html      If you want to have a free ride!

Отсутен Vlatce-Vectra

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5653
Одг: Pomos okolu "eventualen" izbor na Teleskop
« Одговори #4 на: 10 Јануари 2014, 05:58:19 am »
A komsikite moze li dase dzirkaat so ova ???

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34064
  • Таков е животот... јебига
Одг: Pomos okolu "eventualen" izbor na Teleskop
« Одговори #5 на: 10 Јануари 2014, 09:42:43 am »
Ќе може да се слика и со него, само како што кажав потешко е монтирањето и нивелирањето. Значи кај рефлекторот после секое менување на објект на небото ќе треба пак да се подесуваат теговите затоа што тежишната точка му се менува. Кај рефракторот тоа го нема, еднаш штом го наместиш нивелиран е телескопот и полесно е менувањето на објект. Иначе јас сум сликал и со рефлектор.

Окулу mounting еве ти фина разработка, види која повеќе ќе ти одговара: http://www.marcthescopeguy.com/altazvseq.html Сума сумарум еве зошто е подобар екваторијалниот:
Цитат
An equatorial mount has a declination (Dec) axis allowing the scope to be moved north and south, and a right ascension (RA) or polar axis allowing the scope to be moved east and west. So far this is similar to the alt-az mount. The key difference is that the polar axis of an equatorially mounted scope must point at or be polar-aligned to the north celestial pole, the point in the sky around which all the other stars appear to rotate. When the telescope's polar axis is pointed at the celestial pole, it is parallel to the Earth's rotational axis. Now the sky’s motion from east to west can be followed easily by turning the polar axis. Since only one motion is needed to track a star’s motion across the sky, this is the choice for astronomical observing and astroimaging.

Другиот со 150мм од аспект наперформанси треба да е подобар. А magnification зависи од тоа каков окулар ќе му ставиш. Окуларите се евтини така да можеш да си направиш колекција од помали накај поголеми.

Како двоглед дали може да се користи зависи од еден фактор кој се нарекува фокусно растојание. Значи ако фокусното растојание е мало тогаш може да се користи како двоглед. Меѓутоа на вакви телескопи фокусното растојание моја проценка е дека е >400m. Тоа значи дека ќе мое да се гледаат објекти кои се подалеку од 400 метри и тоа со помош на окулар кој има мал magnification. Треба и тој параметар да се провери.

Иначе овој вториот што си го пишал е доста добар:

Цитат
   Versatile 6" reflector telescope and sturdy equatorial (EQ) mount and tripod excels at all-around night-sky performance
    6" (150mm) aperture and 750mm focal length Newtonian reflector optics provides pleasing views of a rich variety of celestial objects from the close-by Moon to distant galaxies and cloudy nebulas
    Includes sturdy adjustable-height aluminum tripod and equatorial mount for precise slow-motion manual tracking of celestial objects as they appear to migrate across the night sky
    Includes 25mm and 10mm Sirius Plossl 1.25" telescope eyepieces which provide 30x and 75x views respectively for a variety of magnification right out of the box
    Also includes a 6x30 finder scope, 1.25" rack & pinion focuser, polar alignment scope, collimation cap, Starry Night astronomy software, and more!
Битните точки ти ги ставив со болд. Значи тие спецификации се идеални за тебе. Заеби х300 magnification не ти треба тоа. Доволно ти е докај 75 како што ти пишав во првиот пост. Екваторијалниот mount е исто така добар. А за ѕиркање комшики таман ќе ти дојде 6x30 finder scope,. Тоа е фајндер, односно мало телескопче со блиско фокусно растојание. Се користи за иницијално наоѓање на објектите, па штом ги најдеш после гледаш низ окуларот.

Присутен DENDE-LANCERED

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5503
  • LANCER EVO (GreeN EditioN)
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html
Одг: Pomos okolu "eventualen" izbor na Teleskop
« Одговори #6 на: 11 Јануари 2014, 00:18:40 am »
Pojasno mi e sega.

Znaci toj crniot sepak e podobra izbor.
Nezno klikni na; http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html      If you want to have a free ride!

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34064
  • Таков е животот... јебига
Одг: Pomos okolu "eventualen" izbor na Teleskop
« Одговори #7 на: 11 Јануари 2014, 00:29:45 am »
Подобар избор е тој со поквалитетна изработка и со поширок отвор. Кога веќе се на исто рамниште во поглед на квалитет поголемиот е логичен избор.

Присутен DENDE-LANCERED

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5503
  • LANCER EVO (GreeN EditioN)
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html
Одг: Pomos okolu "eventualen" izbor na Teleskop
« Одговори #8 на: 11 Јануари 2014, 00:32:24 am »
Uste malce da se rascitam po net za ova pa ke napravam izbor na toa sto sakam.
Ali definitivno ke treba cela oprema da ja nabavam da ne se ebavam posle da naracuvam na ebay.

Vo prednost ke bide toj sto ke moze da se koristi za planeti kako i za komsiki :D
Nezno klikni na; http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html      If you want to have a free ride!

Присутен AngelSK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1753
Одг: Pomos okolu "eventualen" izbor na Teleskop
« Одговори #9 на: 27 Март 2022, 21:36:40 pm »
Ај да ја реактивирам темава, уште од мал сакав да имам телексоп, да набљудувам планети, галаксии но немав средства нели, кој има како дете. Сега можам да си дозволам да си купам убав телексоп, но каде има кај нас, од тоа што видов Анхоч држат нешто ама слаба понуда некако.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29590
    • CARclub.mk
Одг: Pomos okolu "eventualen" izbor na Teleskop
« Одговори #10 на: 27 Март 2022, 22:01:01 pm »
Ѕирни тука. Сајтов вика дека нема скоро ништо на залиха, ама отиди во дуќан и провери на лице место. Дополнително, редовно носат роба, па може ќе ти донесат нешто. https://www.pixplus.com.mk/optics/telescopes.html

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34064
  • Таков е животот... јебига
Одг: Pomos okolu "eventualen" izbor na Teleskop
« Одговори #11 на: 27 Март 2022, 22:09:25 pm »
ова е океј како за почеток: https://www.pixplus.com.mk/optics/telescopes/celestron-astromaster-114eq.html

Можеш да гледаш објакти внатре во сончевиов систем, а надвор од него најмногу десетина галаксии и небули. За повеќе од тоа а и за фотографија ќе ти треба многу поскап, компјутеризиран телескоп со мотор на него. Такви кај нас не сум сретнал, единствено по нарачка.

Отсутен smole

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3058
Одг: Pomos okolu "eventualen" izbor na Teleskop
« Одговори #12 на: 29 Март 2022, 12:12:56 pm »
Ај да ја реактивирам темава, уште од мал сакав да имам телексоп, да набљудувам планети, галаксии но немав средства нели, кој има како дете. Сега можам да си дозволам да си купам убав телексоп, но каде има кај нас, од тоа што видов Анхоч држат нешто ама слаба понуда некако.

Јас можам да ти понудам Celestron Astromaster 70 (без AZ) стар пар години, ич не употребуван, 100 еур.

Може да се види и проба во Скопје.

Отсутен R2D2

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 496
Одг: Pomos okolu "eventualen" izbor na Teleskop
« Одговори #13 на: 29 Март 2022, 12:35:05 pm »
@AngelSK повели во Скопско Астрономско Друштво, има доста телескопи за набљудување, фотографирање и многу експерти таму.
Вечерва почнува и циклусот предавања, можеш да поминеш таму и да побараш совет од најискусните за телескопи таму https://astronomija.mk/astronomija-kurs-22/
Шкода Октавиа 1.5 ТСИ, (А8 2020) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,24484.0.html
Mercedes A160 (W168) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,2269.0.html