Автор Тема: Аро 10.4 4x4  (Прочитано 157921 пати)

Отсутен icemann

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 679
Одг: Аро 10.4 4x4
« Одговори #390 на: 24 Септември 2014, 14:48:14 pm »
gracias,

ок ке го направам така, но влезот е поголем од мојата цевка од резервоар до пумпава, дали ќе биде тоа ок, или ќе треба да ја сменам со поголем диаметар, тоа не е проблем но цевчето со сито во резервоар исто така не е толку големо колку оваа цевка..
претпоставувам дека ова ќе прави рестрикција на flow...

Отсутен 386ka

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 882
  • Am386 DX/DXL-40
Одг: Аро 10.4 4x4
« Одговори #391 на: 24 Септември 2014, 15:28:36 pm »
Океј ќе биде, да не е само премала и предолга цевката. Кој пресек е?
Инаку не би требало да има некое значење, протокот не е голем.

Отсутен icemann

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 679
Одг: Аро 10.4 4x4
« Одговори #392 на: 24 Септември 2014, 15:35:17 pm »
па незнам кој пресек е стандард некој.. исто како цевка за кочници

Отсутен icemann

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 679
Одг: Аро 10.4 4x4
« Одговори #393 на: 25 Септември 2014, 00:27:23 am »
сега за сега немам среќни вести.

ja наместив пумпата, ги уклучив жиците од инсталацијата, и кога давам контакт релето што е за пумпата цело време пали и гасне, многу брзо, и пумпата пали и гасне.
следен логичен чекор беше да ја уклучам пумпата дирекно од плус од акумулатор, да видам дали она работи.
си повлече гориво како што треба и стигна до мотор, но не го запаливме затоа што стана 11 а нема ауспух и ќе разбудев пола маало.

така да сега ми треба инфо што да правам со струјата за пумпата, дали да ја врзам на контакт дали таа цело време врти или компјутерот прима инфо од регулаторот или што ти ја знам и ја гасне?

тоа е сега за сега. утре ќе го запалиме и ке видиме уште колку проблеми ке излезат.

исто така на 3 различни места добив 3 различни информации за тоа колку уље собира во моторот.
во продавница ми кажаа 4.5 на интернет има 5.3 и прашав еден другар и он да побара по нет и ми кажа 5.
и ај сеа..
renault 19 1994, 1.8 66kw. ili broj na motor f3p 704 706

Отсутен 386ka

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 882
  • Am386 DX/DXL-40
Одг: Аро 10.4 4x4
« Одговори #394 на: 25 Септември 2014, 00:33:49 am »
За пумпата, не знам како е инсталациски врзана кај тебе, но инаку, истата си работи цело време, додека моторот работи. Откако еднаш ќе изгасне, и таа ќе изгасне нели (нема да продолжи да пумпа). Регулаторот не и дава информации кога/колку да пушта бензин, туку тој само си отвора и вишокот бензин го растеретува преку повратокот на бензин во резервоар, за да не се крене притисокот над нормалното.

Реално, провери го релето, зошто зеза така, од каде црпи други информации (веројатно компјутерот го контролира, ама што со него), види и самото дали е исправно. Ако не успее, можеш со обично реле да го врзеш за контакт, ма-да тоа е помалку безбедна опција, веројатно сфаќаш зошто.

Поздрав, гуд лак енд хев фан! :)

Отсутен icemann

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 679
Одг: Аро 10.4 4x4
« Одговори #395 на: 25 Септември 2014, 00:40:46 am »
абе ќе иам фан само да не се кренам у воздух.. тоа ми е..
фала за инфото, ќе пробам утре со струја од акумулатор па после ќе гледам да му најдам чаре на релето..

Отсутен VLATKO Џентлменот

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6216
Одг: Аро 10.4 4x4
« Одговори #396 на: 25 Септември 2014, 00:43:22 am »
Провери конекција на релето,слаба маса или слаб довод на струја имаш до него,тоа те зафркава,а може и самото реле да е расипано.И кажи ми дали компјутерот ти е заземњен за шасија?

Отсутен 386ka

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 882
  • Am386 DX/DXL-40
Одг: Аро 10.4 4x4
« Одговори #397 на: 25 Септември 2014, 01:16:13 am »
Влатко даде добри совети.
Инаку само внимателно, кога чепкаш бензин струјата изгасена и обратно. Имај нешто при рака за гаснење и готово. :D

Отсутен VLATKO Џентлменот

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6216
Одг: Аро 10.4 4x4
« Одговори #398 на: 25 Септември 2014, 01:26:35 am »
Ние ваков проблем имавме кога правевме свамп на 3.0 мотор во една E34ка другарчево кога го местел екјуто не го поврзал за шасија и правеше проблем околу пумпата не можеше да запали.

Отсутен icemann

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 679
Одг: Аро 10.4 4x4
« Одговори #399 на: 25 Септември 2014, 09:50:04 am »
влатко, компјутерот не е заземјен, но има - што си доаѓа до него во тој големиот приклучок.
Сакав да ја уклучам и старата пумпа да пробам дали со нејзе ке прави така. Значи релето не штрака кога пумпата не е поврзана за него.. ваљда не се затвара колото.
ќе пробам со старата пумпа и ке пробам со маса, па ќе ве известам.

Отсутен icemann

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 679
Одг: Аро 10.4 4x4
« Одговори #400 на: 25 Септември 2014, 09:50:42 am »
Влатко даде добри совети.
Инаку само внимателно, кога чепкаш бензин струјата изгасена и обратно. Имај нешто при рака за гаснење и готово. :D
имам два апарати спремни, и брзи нозе :)

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3931
Одг: Аро 10.4 4x4
« Одговори #401 на: 25 Септември 2014, 10:40:00 am »
Не би се надевал на аргумент 2, а со она под 1 ако имаш среќа.

Најдобронамерните совети би ти биле да работиш во проветрено, по можност на отоворено, никако да не дозволиш искрење (остварување на контакти на живо). Стално контактите да ти имаат конектори (не упредувај жици и лицни) и да се фино врзани пред да ставиш акумулатор. Изолација, па макар и само изолирбан секаде каде што има гол контакт кој лесно може да се допре со алат а ево близина на бензинските патеки, црева , конектори.

Отсутен icemann

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 679
Одг: Аро 10.4 4x4
« Одговори #402 на: 25 Септември 2014, 23:38:02 pm »
имам лоши вести... и иам добри вести..

лошите вести се што вчера што ги ставив тие 4 литри гориво во резервоарот истекле, бидејки од рѓата што ја исчистив се напраило некое дупче и низ него и таа површина што е доста кородирана си ебало мајката..

Добрите вести се што Влатко беше во право.. имало една маса за компјутерот што се скрила кај алтернаторот и коа ја уклучивме неа релето проработе а проработе и пумпата.. овој пат во кантичка бензин..
но си наби притисок и исклучи.. мислам дека така треба.. иииииии многу јасно го запаливме..

Морам да кажам дека камен од срце ми падна.. се слуша и на видеото..
иако паничам за уште ред други работи... незнам со уљето како сме.. ке ви објаснам тоа понатака..
цревата за вакум ми се занигде, и течност за ладење да ставам и да испуштам воздух.. али проблем е бидејки нема ауспух и рика ко лудо..
и на крај пред да го угасам почна да тресе.. дали вакумот протече пошо ми беа со креп трака врзани.. богзнае.. ќе се средува се тоа..
сеа за сеа најбитно ми е да го закрпам резервоарот.. кажујте како..

а еве го и видеото
https://www.youtube.com/watch?v=0dWEX-qU0TQ

Отсутен VLATKO Џентлменот

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6216
Одг: Аро 10.4 4x4
« Одговори #403 на: 25 Септември 2014, 23:52:38 pm »
Сум ти спасил маки со масата,знам ја кој стап го кркав,претресував два дена цела инсталација од компјутерот и на крај коа видов каков кикс направил другарчево :D
За резерварот ако нејќеш да го вадиш надвор и да го вариш земи со смола и фиберглас залепи го.

Отсутен icemann

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 679
Одг: Аро 10.4 4x4
« Одговори #404 на: 25 Септември 2014, 23:55:06 pm »
смола неееееееее, сакам нешто по асолно.. да го однесам ваму кај што лемат хладњаци?  да го залемат?