ајде цела историја да ви ја раскажам со кочнициве..
имав пумпа нели стара и цела инсталација.. пробав да ја репарирам и купив нови гумички но неможев сите да ги најдам и решив да купам нова пумпа..
најдов нова пума иста на старава и пробав да ја ставам.. добив притисок но сервото откажа и после беше потрага по серво.
го превртев цело скопје па и пошироко бев до оние босанците.. и ништо..
најдов во аутомакедонија за 500 евра па решив да го проширам хоризонтот и земав серво и пумпа од рено 19 па со модификации на држачите на сервото успеав да го упасувам во арото.
арно ама пумпата не можеше да постигне притисок најверојатно дека стара.. па купив нова пумпа. и ја ставив и има притисок и кочниците кочат.. добро кочат затоа што сменив и се друго околу нив..
дискови цилиндри црева пакни гуртни.. но единствениот проблем што го иам е што ако сакам ептен нагло да закочам задните ми блокираат прво.. а предните кочат не дека не затоа што возилото се навалува многу нанапред коа ке стиснам кочница.. се осеќа тоа но задните блокираат први.
е сеа тоа и не е многу страшно затоа што сум возел коли со доста по лоши и по слаби кочници.
башка ова вози 90 преку сила на автопат така да за тие брзини имам ефективно кочење но јас сакам се да ми е топ па затоа е сеа целиов муабет..
имено имаше еден дел што овде се вика bypass pipe assembly што мислев дека е дел од старата пумпа затоа што беше заштрафен на неа.. јас го извадив и сменив една цевка затоа што имаше друга големина на штрафче.
страта пумпа имаше 2 излези и тие идеа во ова bypassot и се си е ок но новата пумпа има 4 излези па мислев дека секој е за секое тркало но не било така.
една цевка е bypass pipe assembly што колку што ми објасни романецов е секундарно коло во случај да примарното изгуби притисок.
е сеа после 350 години ми прати шема од инсталацијата па можам да видам што точно се дешава..
ја адаптирав шемата со новата пумпа.. односно на еден излез треба да се стави плаг односно да се затне тој излез и да се поврзе bypassot..
сега за сега прашањето е еден излез од bypassot што останува празен па чекам одговор за него..
Сигурен сум дека ако го однесам на мајстор нема да го средат и ќе ми речат дека е ок вака да го возам и ке ми стават некој лимитер на задните и предните ќе кочат малку боље но пак нема да го иам секундарното коло..
така да решен сум да го правам ова сам.. или да им го однесам на мајстор затоа што немам алатка за виткање сечење и правење на онакви вдлабнатинки на цевките.
еве ја и шемата.