Не ич, само доста послабо. Ептен ми прави кеф Гетцот, само незнам како е со потрошувачка
Не знам, не сум приметил таква работа, а веќе 4ри години и кусур го возам. Многу често се имаат залетано да ме претицуваат, а јас држам 2500-3000 обртаи и коа ќе стиснам пуна гас, чао џаци. Не е ни битно тоа и онака не се тркам со колата, туку се користи за секојдневна нормална употреба, а токму таа снага што ја добивам до 3000 обртаи е можеби и најдобрата работа кај колата. Околу потрошувачката, ако земеме годишен просек, зимо-лето е околу 8 литра, не повеќе од тоа. Се зависи и од тоа кога, каде и како ја возам колата, али нормална вожња околу 7.5 литра пролет-лето, зимно време знае да фати и 8.5, па некат и 9, што беше случај ланското зимо кога беше ептен ладно па колата не стигнуеше да загрее од драчево до ново лисиче
@Onak, па затоа нели се препорачува да се издувава колата од време на време, да се држи на повисоки обртаи, јас тоа не ни го гледам како малтретирање на колата.