Првенствено заради анкетава тука, па и онаа за в-тек. Секогаш очекуваш да го слушнеш тоа што го сакаш!
Инаку да, (да ти го направам меракот) следното мое ауто дефинитивно ќе биде современ турбо дизел со погон на сите тркала и ќе мењам брзини на 2000 вртежи. И сега поседувам дизел, ама не е турбо и немам обртомер, па незнам на колку вртежи мењам. Новите бензинци (не турбо) сакал или не сакал мораш да ги вртиш преку 4000 вртежи ако сакаш колата да се движи приближно како што треба, не е тајна тоа. Турбо бензинците се веќе нешто друго, но проблемот е после конверзијата на плин, која и покрај економичноста, кога веќе ти се нуди таква прилика убаво е да се инвестира во истото.
Да, ќе бидам лишен од звукот на моторот, мирисот на бензин и другите привилегии кај вистинските љубители на октаните, но од економска гледна точка, а и употребната вредност на наредното возило - логично е да се земе турбо дизел.
Да резимираме: Секој спрема потребите и можностите! Дегутантно е да се брани една страна при тоа не земајќи ги в предвид Х фактори за намената на возилото кое пред се' треба тебе да ти служи, а не ти на него.
А за муабетот дека си ја заебал и Мајка Тереза со поштење и незнам, строго почитување на законите... ако е вистина, тогаш навистина ме интересира профилот на твоите најблиски пријатели - другари