Автор Тема: Чудо невидено !!!  (Прочитано 18055 пати)

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Чудо невидено !!!
« Одговори #15 на: 31 Декември 2013, 02:17:43 am »
А како ти одреди важност кога нема знаци?
По тоа што едното е булевар и се одвива динамичен сообраќај а другата е споредна уличка што не се одвива динамичен сообраќај.

споредна улица т.е. улица која нема првенство на поминување, односно каде што не важи правилото на десна страна се одредува со знаци. доколку немало знаци, ти си крив. тоа е крстосница со две улици со иста важност. улицата што е 4-5 метри широка наспроти булеварот кој е 15 метри широк и има динамичен сообраќај, не ја прави споредна... големината и густината на сообраќајот не одредува кој има право на поминување туку знаците и сообраќајните правила...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Баги

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 794
Одг: Чудо невидено !!!
« Одговори #16 на: 31 Декември 2013, 02:38:44 am »
ти прават црни работи у позадина

неможе да има предност таа уличка повеќе од првомајска...


Отсутен Kimi R

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3009
  • "Just leave me alone, I know what I'm doing"
Одг: Чудо невидено !!!
« Одговори #17 на: 31 Декември 2013, 02:45:28 am »
Јас како што знам Борис Трајковски(Првомајска) е булевар и не знам баш колку ви се валидни муабетиве за правило на десна страна кога станува збор за вкрсутвање на булевар со уличка. Замислите каков хаос во сообраќајот би настанал кога уличките навистина би имале предност во однос на булеварот. Тој што сака да врти лево од споредната уличка како во случајов погоре има предност над тие што идат од доле, ама нема предност во однос на тие што идат од горе, со еден збор, затка. Не може уличе што води до нечив двор да им предност во однос на булевар.

Дејан, не ќе биде лошо да појдеш до местото на несреќата и да провериш дали има знак или пак некакви траги дека имало знак.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Чудо невидено !!!
« Одговори #18 на: 31 Декември 2013, 02:49:36 am »
Нека извади некој пасус од законот, па да се види како е правилно. Од описот на ситуацијата личи дека жената згрешила.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6670
Одг:
« Одговори #19 на: 31 Декември 2013, 02:50:00 am »
I daj slika kade tocno e ova, dali na toj del od prvomajska e so polna linija ili ne.

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6921
  • French diamond
Одг: Чудо невидено !!!
« Одговори #20 на: 31 Декември 2013, 02:52:00 am »
И јас мислам дека ако е булевар едната улица, Дејан е во право... распрашај се, жали се пробај нешто.

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7692
  • Хорска Секција
Одг: Чудо невидено !!!
« Одговори #21 на: 31 Декември 2013, 04:30:43 am »
Крив е 100%. Нема никаква тежина дали едното е булевар или не. Да имаше врска тогаш немаше на булеварите да се поставуваат знаци за предност. Во случајов и едниот и другиот спаѓаат во категорија на „јавен пат“, па така нема главен и спореден.
Закон за јавни патишта
Цитат
1. „Пат” е сообраќаен објект на кој се врши сообраќај;
2. „Јавен пат” е пат кој е определен како јавен пат и може да биде државен или општински;
3. „Државен пат” е јавен пат категоризиран како автопат, експресен пат, магистрален и регионален пат од прва и втора категорија; ...


Цитат
Првенството на минување е условено од начинот на регулирање на сообраќајот на раскрсницата. Според овој принцип, раскрсниците се делат на оние со нерегулиран сообраќај, со регулиран со класични сообраќајни знаци, регулирани со светлосни сообраќајни знаци и раскрсници регулирани со знаци што ги даваат полицајците, односно им асистираат на светлосните сообраќајни знаци.

Првенството на минување на раскрсници со нерегулиран сообраќај, на кои се крстосуваат или составуваат патишта од иста важност, се одвива според правилото десна страна, што значи дека возачот треба да го пропушти возилото што доаѓа од неговата десна страна.

Првенството на минување на раскрсници со класични сообраќајни знаци се одвива според значењето на сообраќајниот знак, кој најчесто е крстосување со пат со првенство за минување, задолжително запирање или движење по пат со првенство на минување.

Првенството на минување на раскрсници со светлосни сообраќајни знаци се одвива според семафорот како светлосен сообраќаен знак. Тие го регулираат сообраќајот на возилата, пешаците и на велосипедистите.

Првенството на минување на раскрсници регулирани со знаци што ги даваат полицајците – или со таканаречена физичка регулација, се одвива според значењето на знаците на службените лица со раце, положбата на телото, со свирче, светло од батериска ламба или со уред на возило.
http://amsmklubmobiliti.mk/vest.asp?recordid=1664
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Чудо невидено !!!
« Одговори #22 на: 31 Декември 2013, 04:49:58 am »
Доколку нема знак тоа е пропуст на одговорните кој се задолжени за регулирање на сообраќајот. Во наведениот случај неможе да важи правилото десна страна бидејќи патиштата не се од иста важност.

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7692
  • Хорска Секција
Одг: Чудо невидено !!!
« Одговори #23 на: 31 Декември 2013, 04:55:50 am »
Од иста важност се! Јавен пат е и едното и другото! Дали требало да има знаци или не е веќе друг муабет, но во случајов бидејќи немало знаци предност има оној кој се приклучува од десна страна.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Чудо невидено !!!
« Одговори #24 на: 31 Декември 2013, 05:01:34 am »
Нека пише Дејан конкретно за која споредна улица се работи, дугачка е Првомајска..

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4284
Одг: Чудо невидено !!!
« Одговори #25 на: 31 Декември 2013, 07:59:52 am »
каква глупа ситуација,ем ебан ем крив :(
ја би консултирал професионалци за вакви случаеви

Отсутен ARMEX

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3616
Одг: Чудо невидено !!!
« Одговори #26 на: 31 Декември 2013, 08:38:17 am »
Чудо невидено!!!

Веројатно некој ги однел знаците во отпад. Не виде на лице место дали стојат цевките од знаци?

Отсутен marmlad

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4219
Одг: Чудо невидено !!!
« Одговори #27 на: 31 Декември 2013, 09:16:08 am »
Сите улици се одредени со нивната важност, незнависно од тоа дали има знак или нема. Прашај си во АМСМ, ЈП Улици и патишта и ќе ти кажат дали таму требало да стои знак, или пак важи правилото од десна страна.

Отсутен Bokica

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1482
Одг: Чудо невидено !!!
« Одговори #28 на: 31 Декември 2013, 09:57:14 am »
изгледа дека жената излегла од уличката кај новус , а таму баш нема знаци колку што знам ..иначе баш од таа уличка на излагање сум чекал и по 3-4 минути за да свртам на лево и никој никогаш не те пушта, што е логично ! возиш на булевар бре човече и сеа наеднаш кочиш за да сврти некоја будала што излага од улица кајшто едвај 2 коли може да се разминат.. :-\
Understeer is when you hit the wall with the front of the car. Oversteer is when you hit the wall with the back of the car. Horsepower is how fast you hit the wall and torque is how far you send the wall across the field once youve hit it.

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Одг: Чудо невидено !!!
« Одговори #29 на: 31 Декември 2013, 10:13:45 am »
Јас мислам станува збор за оваа точка:

http://goo.gl/maps/F1wI4



И мислам дека нема никаква логика да има иста важност со првомајска.