Имено се работи за сообраќајна незгода, јас како учесник со мотор и една госпоѓа со спарк.
Во прилог моја (немногупрофесионална) слика да се долови моментот:

И нормално после чекање од 2 месеца иако го прашав полицаецот за колку ке биде записникот и ми рече за 1 месец, ок ке прејдеме преку тоа се додека го земав записникот и коа да ми исплатат штета адвокатката ми вика ти си виновен и јас во шок.
Јас сум со плавата точка а госпоѓицата со црвена и ајде сеа поискусни молам за помош како е можно ова или ми прават некој мафијашки работи колку да не земам оштета.
Јас колку што сум запознаен по правила знам дека секогаш има предност тој што е на главна улица а тој што се вклучува од споредна треба да чека,а правило на десна страна важи само кога се спојуваат улици од иста важност.
Е сеа во мојот случај полицаецот ми вика дека улица си е улица и ако нема знаци важи правило од десна страна и јас требало да ја пропуштам и јас сум виновен. (да напоменам тоа е уличката накај "lpr" со
булевар Борис Трајковски)