^Остај ги тие шо ја ваѓале глаата.

Иначе Марко, спушти ги ретровизорите, да можеш да го видиш задното тркало кога треба да згазнеш на линијата со него. Но немој премногу да ги спушташ, пошто ќе си имаш потешкотии кога ќе возиш и можеш да промашиш лесно... (јас вака се заебав али имав среќа)
И вози наназад гледајќи во двата странични ретровизори, немој само во едниот, бидејќи лесно можеш да ги утнеш растојанијата помеѓу колата и линиите, на пример едната страна да ти е блиску до линијата а другата далеку. мада не ти е ова многу битно пошто на полагање не смееш да ја згазнеш линијата, а можеш да се доближуваш до неа од едната страна. Али ипак пожелно е да имаш еднакво растојание од двете страни.
И кога возиш наназад, обавезно со ретровизори! Гледај малку подалеку позади колата, немој одма позади неа да гледаш, пошто ќе треба да исправуваш со воланот многу почесто, него кога гледаш подалеку. Гледај на околу 5-7 метри позади колата. И стално проверувај ја паралелноста помеѓу линијата на каросеријата и линијата на асфалтот, за да се осигураш дека возиш право, а не укосо.
И кога ќе стигнеш на крајот од патеката, гледај да застанеш точно со задното тркало врз огреботината на асфалтот (значи ќе се подигнеш малце со главата изнад ретровизорот, за да можеш убаво да го видиш тркалото позади).
Лесно е, само вежбај. Јас оваа вежба ја правев совршено на вежбите, ама на полагање се поебав малце (седиштето и ретровизорите не ги наместив ко што треба, трема знаеш) и имав среќа, не ја згазнав линијата од десна страна, на некои 10 цм бев од неа.

Лесно е, не е некоја голема филозофија.
