Автор Тема: Помош со вежба на полигон  (Прочитано 13763 пати)

Отсутен MarkoHF

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 26
Помош со вежба на полигон
« на: 29 Декември 2013, 23:04:48 pm »
Здраво дечки вака сеа моментално учам да возам :D и имам малце тешкотии со една вежба незз дали е нова но до сеа што прашав повеќето што положиле прв пат ја гледаат.
Треба да возам право во прва да свртам лево да сменам во втора и да застанам дур стојам да вратам во рикверц да возам назад да свртам рикверц кон десно и да возам назад дур не застанам некако вака:



Помош?

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30065
    • CARclub.mk
Одг: Помош со вежба на полигон
« Одговори #1 на: 29 Декември 2013, 23:06:14 pm »
Вежбај. :)

Реално, не постои начин да ти помогнеме. Користи ги страничните ретровизори, најди си референтни точки кои би ги следел, и тоа е тоа.

Отсутен Nakolce

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2310
  • Имигрант
Одг: Помош со вежба на полигон
« Одговори #2 на: 29 Декември 2013, 23:11:55 pm »
за напред не би требало да имаш некои потешкотии.
сигурно има линии нацртано.
ама за назад... прати ги линиите и немој да правиш нагли вртења со воланот. ако можеш држи ја на кумплунг колата, за да одиш полека и да ја контролираш брзината лесно.

како што вика класниот... вежбај. Ама прашувај го инструкторот за се што не ти иде... Тој најубаво ќе ти објасни.

Отсутен VLATKO Џентлменот

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6220
Одг: Помош со вежба на полигон
« Одговори #3 на: 29 Декември 2013, 23:26:49 pm »
Да нова е вежбава и најубаво се вози на ретровизори,само треба добра концентрација и како што кажа наколче без нагли движења на воланот кога возиш во рикверц.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6830
Одг: Помош со вежба на полигон
« Одговори #4 на: 29 Декември 2013, 23:52:23 pm »
Нова е вежбава, т.е на еден начин надоградена е старата :D Старата вежба беше само право, тргнуваш, ставаш 2-ра, застануваш, ставаш рикверц и исто така се вракаш наназад, ама право.

Е сега треба малце да скршнеш, поднамести ги ретровизорите да гледаат во асфлатот, полека лази и готово.

Отсутен Sashe90

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 718
Одг: Помош со вежба на полигон
« Одговори #5 на: 30 Декември 2013, 00:09:16 am »
Да да нова е, и јас предходната недела полагав ама за Д категорија и баш прокоментирав дека предходно беше само право. Ама па сега малце е потешка за почетници ама па има скратено една вежба, беа 5 сега се 4.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55106
  • Махер
Одг: Помош со вежба на полигон
« Одговори #6 на: 30 Декември 2013, 00:22:13 am »
Убава вежба. И напред и назад без гас пробувај ќе успееш.

Ова гледај го како паралелно паркирање. Нема да имаш проблем.

Отсутен kire95

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1997
Одг: Помош со вежба на полигон
« Одговори #7 на: 30 Декември 2013, 00:26:40 am »
Јас полагав полигон на оваа вежба само што ја сменија полагав, потешкотии немав некој со вежбава си го пратев само мојот лев ретровизор и полека наназад и тоа е тоа, повежбај ја  повеќе пати.

Отсутен Sashe90

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 718
Одг: Помош со вежба на полигон
« Одговори #8 на: 30 Декември 2013, 00:30:07 am »
Убава вежба. И напред и назад без гас пробувај ќе успееш.

Ова гледај го како паралелно паркирање. Нема да имаш проблем.
мора да стави втора, а за тоа мора малце гас за напред, а за назад полека без гас

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7998
  • Плинаш!!!
Одг: Помош со вежба на полигон
« Одговори #9 на: 30 Декември 2013, 00:31:50 am »
Тек сега нема ни едно женско да положи  :D

Инструкторот најубаво ке и објасни, само без трема и паника

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14705
Одг: Помош со вежба на полигон
« Одговори #10 на: 30 Декември 2013, 07:17:58 am »
Прво, не се брзај за рикверцот. Следи ги линиите на ретровизор. Немаш тајминг да го направиш ова.
Кога јас полагав пред 10 години немавме ваква вежба беше напред и назад. Возев Тико а сум 2 метра висок можев тркалата да ги видам не линиите :D :D :D

Лесна вежба и релативно практична. Гледај да бидеш парарелен со линиите и В Е Ж Б А Ј ...тоа е најдобриот совет.
Контролирај ја колата со кумплунгот ако се залеташ :)

Отсутен kire95

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1997
Одг: Помош со вежба на полигон
« Одговори #11 на: 30 Декември 2013, 10:27:20 am »
Сега ја изменија првата вежба, го исфрлија косото паркирање, втора вежба е во три маневри направена потоа следи паралелното паркирање и на крај тргање под рачна.
Само едно се чудев додека вежбав на полигонот гледав едни враќаат со главата од прозор извадена и стално ја газеа линијата, а зошто не пробуваат на ретровизори стварно не ми е јасно.

Отсутен Vlatzki

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2069
Одг: Помош со вежба на полигон
« Одговори #12 на: 30 Декември 2013, 15:15:22 pm »
^Остај ги тие шо ја ваѓале глаата. ;D

Иначе Марко, спушти ги ретровизорите, да можеш да го видиш задното тркало кога треба да згазнеш на линијата со него. Но немој премногу да ги спушташ, пошто ќе си имаш потешкотии кога ќе возиш и можеш да промашиш лесно... (јас вака се заебав али имав среќа)

И вози наназад гледајќи во двата странични ретровизори, немој само во едниот, бидејќи лесно можеш да ги утнеш растојанијата помеѓу колата и линиите, на пример едната страна да ти е блиску до линијата а другата далеку. мада не ти е ова многу битно пошто на полагање не смееш да ја згазнеш линијата, а можеш да се доближуваш до неа од едната страна. Али ипак пожелно е да имаш еднакво растојание од двете страни.

И кога возиш наназад, обавезно со ретровизори! Гледај малку подалеку позади колата, немој одма позади неа да гледаш, пошто ќе треба да исправуваш со воланот многу почесто, него кога гледаш подалеку. Гледај на околу 5-7 метри позади колата. И стално проверувај ја паралелноста помеѓу линијата на каросеријата и линијата на асфалтот, за да се осигураш дека возиш право, а не укосо.
И кога ќе стигнеш на крајот од патеката, гледај да застанеш точно со задното тркало врз огреботината на асфалтот (значи ќе се подигнеш малце со главата изнад ретровизорот, за да можеш убаво да го видиш тркалото позади).

Лесно е, само вежбај. Јас оваа вежба ја правев совршено на вежбите, ама на полагање се поебав малце (седиштето и ретровизорите не ги наместив ко што треба, трема знаеш) и имав среќа, не ја згазнав линијата од десна страна, на некои 10 цм бев од неа. ;D

Лесно е, не е некоја голема филозофија. :)

Отсутен godofspeed

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2851
Одг: Помош со вежба на полигон
« Одговори #13 на: 30 Декември 2013, 16:58:33 pm »
Натерај ги тие од авто школата да те научат затоа им плаќаш една вреќа пари
Нема ништо страм ако застанеш и на инструкторот му речеш мене оваа не ми е јасно и сакам да ми го обијасните
Сигурно како и сите полигони и овој има некои трикови на пример како кога ке дојдеш до овој камен заврти го воланот еден круг или нешто слично
Поздрав

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6830
Одг: Помош со вежба на полигон
« Одговори #14 на: 30 Декември 2013, 17:35:43 pm »
На асуц за втората вежба во 5 маневри (сега читам дека ја смениле во 3), имаше шлајфки направено од тркалата на колите и инструкторот ми вика, ете гледаш кај се шлајфките, доста е тркалото во нив да ти влезе, немора да идеш точно до пред линија.