Автор Тема: Чуден звук при вртење со воланот  (Прочитано 9088 пати)

Отсутен dimitar_bt

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 73
Чуден звук при вртење со воланот
« на: 21 Декември 2013, 23:48:37 pm »
Веќе неколку дена слушав чуден звук од колата па денес решив да проверам подетално за што се работи.Имено,колата работи во место во лер и се е во ред,но сосем малку да завртам со воланот лево или десно и да го држам така свртен и се слуша чуден звук напред под хаубата,кога ќе го вратам во првотина положба звукот исчезнува.Во што можи да е проблемот? Се работи за ауди а4 97 год

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: Чуден звук при вртење со воланот
« Одговори #1 на: 22 Декември 2013, 00:01:18 am »
Провери да не ти фали течност за сервото?

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Чуден звук при вртење со воланот
« Одговори #2 на: 22 Декември 2013, 00:05:51 am »
а кога ке смоташ пун десен или лев имаш звуци?

Отсутен Borce-Fiat

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 920
  • Virus-Alfa
Одг: Чуден звук при вртење со воланот
« Одговори #3 на: 22 Декември 2013, 01:15:39 am »
Имаш проблем со серво пумпата провери си како што рече зеро течноста ако ти фали провери од некаде да не истекува а ако не фали провери си пумпата да не е ојдена и не прави доволно притисок.
LA MACCHINA DELLA EMOZIONI

Отсутен Bojan j

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3040
Одг: Чуден звук при вртење со воланот
« Одговори #4 на: 22 Декември 2013, 01:26:18 am »
Јас имав ваков проблем, тропање при вртење на воланот. Се реши со подмачкување на некој зглоб напред. Сега е топ.

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: Чуден звук при вртење со воланот
« Одговори #5 на: 22 Декември 2013, 01:34:39 am »
сними па ќе ти кажеме,во игра се повеќе работи

Отсутен VLATKO Џентлменот

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6216
Одг: Чуден звук при вртење со воланот
« Одговори #6 на: 22 Декември 2013, 04:34:22 am »
Најверојатно е серво пумпата,од 97ма навака сменета  некогаш течноста во системот?

Отсутен dimitar_bt

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 73
Одг: Чуден звук при вртење со воланот
« Одговори #7 на: 22 Декември 2013, 10:33:56 am »
Јас ја имам колата 2 години,немам сменато претходно не знам

Отсутен dimitar_bt

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 73
Одг: Чуден звук при вртење со воланот
« Одговори #8 на: 22 Декември 2013, 10:34:15 am »
а кога ке смоташ пун десен или лев имаш звуци?
Да

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Чуден звук при вртење со воланот
« Одговори #9 на: 22 Декември 2013, 10:56:51 am »
провери ниво на АТФ во пумпата. ако е нивото како што треба иди на мајстор смени го.. во принцип литро и нешто собира. а ако и тоа не заврши работа тогаш пумпата е при крај, мада мислам дека нема да биде до нејзе.

некој спомна погоре зглобови му крцкале... тоа е друго. зглобови крцкаат во движење само. овде има ситуација кога пумпата меле и во место кога се мота. (не вози колата)...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен cuoresportivo159

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4194
Одг: Чуден звук при вртење со воланот
« Одговори #10 на: 22 Декември 2013, 11:05:05 am »
Пред да ја смениш пумпата,смени ја само течноста. Понекогаш пумпата може да биде здрава,а течноста да ги изгубила своите особините.
Alfa Romeo 166 is one of only three cars that have "that special thing" !!! 
-J.Clarkson

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Чуден звук при вртење со воланот
« Одговори #11 на: 22 Декември 2013, 11:10:17 am »
а може и до летвата да биде како што излезе кај мене, прво звуци ниво на атф ок и на ладното протече атф-от над педалите каде што влага шипката од воланот во летвата

Отсутен dimitar_bt

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 73
Одг: Чуден звук при вртење со воланот
« Одговори #12 на: 22 Декември 2013, 11:20:38 am »
Ќе го проверам нивото на течноста и ќе снимам видео да видите подобро ,па утре оди на мајстор
П.с ако е пумпата знај некој цена од прилика на истата?

Отсутен bobispace

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 87
Одг: Чуден звук при вртење со воланот
« Одговори #13 на: 22 Декември 2013, 11:41:31 am »
Ќе го проверам нивото на течноста и ќе снимам видео да видите подобро ,па утре оди на мајстор
П.с ако е пумпата знај некој цена од прилика на истата?
Провери ја атф течноста (матик) а провери си го и линискиот ПК каишако прави само на полн десен или лев може да е отиден и тој јас имав таков проблем на доблото и тоа му се слуцувасе на секој 3-4 месеци а му ставав 1050пк на дајко или 1053пк на фленор фабрички таков носеше и проблемот го решив со малку помал каиш 1045пк веке не се јавуваше тоа ако и каишот е сменет тогаш е пумпата сигурно мислам дека половни се накогаат околу 2000-2500 ден.

Отсутен dimitar_bt

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 73
Одг: Чуден звук при вртење со воланот
« Одговори #14 на: 22 Декември 2013, 13:38:29 pm »
Решен е проблемот,немаше воошто течност.Дотурено лубекс атф и се е во ред.Благодарам на сите за одговорите.Само уште ова да прашам - Дотурив над максимум,претпоствѕвам нема проблем и дали можи да има некои последици што ја возев без течност (3-4 дена)
« Последно менување: 22 Декември 2013, 14:09:34 pm dimitar_bt »