Да, добро го прочитавте насловот, пократко и појасно и не можам да го објаснам конкретниот дел кој што ми е потребен, затоа ќе ставам и слика. Ме интересира дали сте виделе вакви конектори во некоја продавница за автоделови, никогаш до сега сум немал потреба да менувам ама ете денеска приметив дека е скршен делот и дека водата не оди према прскалката, туку истекува кон моторот. Успеав да најдам на неколку места ама не одговара дијаметарот на отворите, а од ибеј не ми се чека затоа што сега колата ми е преадаптирана да работи со само еден брисач.
Значи треба да биде со Т форма.