што мислиш дали стварно како што пишуваа некој медиуми нашле слична земја како нашата во некоја друга галаксија?
Маци, поимот слична на земјата може да биде по многу разни критериуми и услови. Хемо-физиолошки состав, оддалеченост од матичната ѕвезда, тип на атмосфера, температура, атмосферски притисок, присутство на вода, проситство на прости органски материи, присутство на магнетно поле, оска на ротација (постоење на ден и ноќ, постоење на годипни времиња), PH фактор на почвата и др. По сите овие фактори се дава етрибутот слична на земјата. Знам дека пред кратко време открија планета со димензија на земјата но и двојно поголема гравитација, немаше магнетно поле, премногу блиску до матичната ѕвезда, преголема температура и радијација од ѕвездата (поради одсутство на магнетно поле). И ќе ти кажам дека откривањето на екстрасоларни планети е многу тешко ВО нашата галаксија па и нашето поблиско галактичко соседство, да не зпомнувам дека е невозможно да се открие планета во друга ГАЛАКСИЈА.
Сигурен сум дека таму некаде има повеќе или помалку слична планета на нашава на која има живот, па можеби и интелегентен. Едноставно математичката веројатност ова да не е точно е незамисливо мала. Помножи 400.000.000.000 (400 мијиларди) галаксии пута 200-600 милијарди ѕвезди во просек во секоја пута 4-10 планети во секоја звезда колку кандидат планети се тоа. Едноставно е невозможно нашава планета да биде уникат.
и дали мислиш дека на јупитеровиот сателит европа има нешто(мислам на живот) под мразот?
Има голема веројатност да постојат услови за настанок на живот таму, но тоа не значи дека мора да постои живот. Тоа што се знае за Европа е претпоставка на база на модели и здрава логика. Не се знае точно овие услови колку долго се присутни таму. Значи во историјата на Земјата имало најмалку 3 пати настани што речиси ја стерилизирале планетава. Европа се наоѓа во мноду подинамично окружување отколку Земјата. Можно е да се случиле многу многу настани таму. А со оглед на тоа што и самава Земја е мал еко-систем а европа е бајаги помала шансите за настанок и опстанок на живот таму би се намалиле.
Сума сумарум, додека не се прати сонда таму, да направи дупка под 100-те километри од мраз се што се знае за Европа е базирано на претпоставки и не можи ништо да се тврди со сигурност.