Автор Тема: Вонземјани ќе ја нападнат Земјата во ноември  (Прочитано 68174 пати)

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34155
  • Таков е животот... јебига
Одг: Вонземјани ќе ја нападнат Земјата во ноември
« Одговори #330 на: 19 Февруари 2013, 11:29:51 am »
Немам.

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Вонземјани ќе ја нападнат Земјата во ноември
« Одговори #331 на: 19 Февруари 2013, 11:48:50 am »
Астероидот не паѓа вертикално, си има косина, од видеата окуративно според моја процена не се нешто којзнае колку брзи кога ќе влезат во атмосферата, имам видено ракета која побрзо се движи. На крај крајева никој незнае што ракети има Мајка Русија.

И американците мислеа дека имаат невидлив авион се док не слета у сред ораница ;D

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34155
  • Таков е животот... јебига
Одг: Вонземјани ќе ја нападнат Земјата во ноември
« Одговори #332 на: 19 Февруари 2013, 12:29:14 pm »
Дени, тоа е воена вежба. Тие проектили се со тежина до окулу 50кг. Нивната намена е да оштетат нежно воздушно летало и со тоа да го онеспособат.

Поглени ги ракетите колку се бавни. Рачунај дека поголема ракета за да биде побрза мора да го носи горивото со себе. колку повеќе гориво има во неја за да биде побрза толку е потешка. Неизводливо е ракета од било кој тип да има забрзување од 20км/с (тоа е втора космичка брзина колку за ислустрација).

Куоре. Астероидот кога ќе почне да свети што мислиш на која височина е? Падот колку му трае? 2-3-4-5 секунди? Во ова вклучи го и забавувањето. Тој за 5 секунди проаѓа 100 километри што е 20км/с во просек. Човештвото има направено само едно нешто кое за 2 секунди развива прва космичка брзина, а тоа е челичен проектил лансиран од Tesla coil (оружје во тест фаза кое работи напринцип на електромагнетизам).

А сетете се и на насловот, дека руската ракета „спречила голема катастрофа“. Дури и таква ракета како тие на видеото да го погоди астероидот него нема влакно да му фали.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55051
  • Махер
Одг: Вонземјани ќе ја нападнат Земјата во ноември
« Одговори #333 на: 19 Февруари 2013, 12:35:41 pm »
Во конкретново видео да. Има и изјава:

The Russian regional Emergency Ministry has denied that any military air defenses were involved in the incident.

Зборуваме за доколку би требало да се пресретне метеор. Фаланга со која димензија е метеорот, за да не му фали влакно од против воздушна ракета/и? Јасно дека тој трпи огромни сили од самата атмосфер, но сепак.

Отсутен edonos

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3557
Одг: Вонземјани ќе ја нападнат Земјата во ноември
« Одговори #334 на: 19 Февруари 2013, 13:01:33 pm »
Колку е само фејк и глупаво ова. Русиве све ќенаправат за да се направат фраери а уствари се најголеми идиоти од сите.
Астероидот се движи со брзини од 15 до 110 километри во секунда. Која е таа руска ракета која ќе има шанса да трепне пред астероидот.

какви кретени..... Откако ќе се појави астероидот веќе е на 100км надморска височина. Веќе во следните 2-3 секунди се симнува на 30-50километри. Која е таа ракета што за 2 секунди ќе се качи на 50км?

А како го објаснуваш расцветувањето на астероидот, дали можеби удри у некоја чавка ?

Астероидот може да се расцепи од 3 главни причини:
1. астероидот може да се фрагментира од самиот притисок кој воздухот го врши над него. Може да се пресмета со колкава сила делува воздухот врз неаеродинамично тело кое се движи со брзина од 50 километри во секунда. Зависно од составот и формата на астероидот ќе се фрагментира кај оние делови ко се најпорозни и најнеаеродинамични.

2. кога астероидот ќе влезе во атмосферата поради отпорот на воздухот почнува да се врти или окулу својата оска или хаотично што предизвикува центрифугална сила која исто има големи шанси да го расцепи

3. астероидот можеби е составен од повеќе мали астероиди со различни состави и порозности кои со текот на времето се соединиле. Многу од нив во себе содржат мраз од вода или метан заробен. Кога ќе почне да се фрагментира астероидот или да се лупи поради притисокот од точка 1 или 2 тогаш тој мраз може да се изложи, инстантно да се прегрее и поради ширење на гасовите да предизвика буквално експлозија која ќе го дорасцепи астероидот.

Немојте ни случајно да помислите дека ракета за ПВО има најмала шанса против астероид. како прво астероидот е невозможно да се фати на радар на височина од 150-100км а уште поневозможно е ракета да го чека на готовс, да се лансира и за 2-3 секунди да стигне на височина од 100-50км.

Овој на Дени ме потсеќа со брзинава.Кој е ненормалниов што вози вака .?
People should not fear their government.The goverment should fear its people.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55051
  • Махер
Одг: Вонземјани ќе ја нападнат Земјата во ноември
« Одговори #335 на: 19 Февруари 2013, 13:04:21 pm »
Па и така 80 е дозволено. А тоа 50 идело.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34155
  • Таков е животот... јебига
Одг: Вонземјани ќе ја нападнат Земјата во ноември
« Одговори #336 на: 19 Февруари 2013, 14:33:26 pm »
Во конкретново видео да. Има и изјава:

The Russian regional Emergency Ministry has denied that any military air defenses were involved in the incident.

Зборуваме за доколку би требало да се пресретне метеор. Фаланга со која димензија е метеорот, за да не му фали влакно од против воздушна ракета/и? Јасно дека тој трпи огромни сили од самата атмосфер, но сепак.


Овој метеор по моја проценка би требало да биде:
- од базалтен (силициум, алуминиум и останати лесни метали и неметали) состав, поради тоа што се фрагментирал и се расцепил на делови. Железните астероиди што паѓаат на земјата во принцип се чисто или во најголем дел железо и се компактни и не се расцепуваат туку успеваат да паднат.
- поради тоа што после расцепувањето некои делови продолжуваат да паѓаат моја проценка е дека астероидот е со димензија на баскет па до димензија на кола од компакт класата или евентуално супер-мини :)
- ако е базалтен тогаш би бил со тежина од 500кг докај 3-4 тона или пак ако содржел воден мраз или метански мраз докај 500кг најмногу


Во врска со вториот дел од прашањето, кога астероидот станува метеор тогаш радарот престанува да го детектира. Радар (голем) може да го детектира пред да почне светлечкиот феномен. Ова е од причина што радарот функционира на принцип на радио бранови кои се во соштина електромагнетни бранови. Радиобрановите се одбиваат од телото и се враќаат назад кај предавателот. Е сега кога ќе започне светлечкиот ефект односно метеорот ќе навлезе во атмосферата тогаш поради брзината на навлегување и силата на триење од атомите и молекулите на атмосферата се отцепуваат елетрони, се претвораат во плазма и тоа е тоа уствари што го создава светлечкиот ефект (а не согорување. Согорување постои но таа светлина е премногу слаба во споредба со плазмата). Проблемот е што плазмата не дозволува одбивање на радио брановите и враќање кај предавателот  туку ги дисперзира и одбива на многу страни. Поради ова кога астероидот ќе почне веќе да свети и да создава Plasma blanket веќе станува невидлив за радарот односно radar signature е премногу мал за да биде детектабилен (исто како и B2 bomber-от или F-117 stealth што радарот не ги гледа, тоест ги гледа како да се птици). Малата димензија на астероидот исто така е проблем а и оддалеченоста. Затоа се сомневам дека русиве успеале да го фатат на радар кога веќе навлегол во атмосферата а се сомневам дека успеале да го детектираат и пред да навлезе бидејќи бил премногу далеку и премногу мал за да биде детектиран. ПВО doesn't stand a chance.

Исто така и во обединетите нации е потпишана резолуција да не се испраќаат ракети кон астероиди поради опасноста ракетите да го фрагментираат астероидот на многу парчиња кои би можеле да паднат и да нашрават беља на многу поголем простор. Имаат заклучено дека е подобро да остават едно поголемо парче да падне на помал простор и да направи поголема но штета  со помал радиус отколку повеќе парчиња да направат помала штета но на поголем простор и да предизвикаат регионална штета.
« Последно менување: 19 Февруари 2013, 14:47:12 pm Falangasaurus »

Отсутен Bojan j

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3042
Одг: Вонземјани ќе ја нападнат Земјата во ноември
« Одговори #337 на: 19 Февруари 2013, 14:44:54 pm »
Имаше информација дека тежел околу 10 тони.

Отсутен edonos

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3557
Одг: Вонземјани ќе ја нападнат Земјата во ноември
« Одговори #338 на: 19 Февруари 2013, 14:46:23 pm »
Во конкретново видео да. Има и изјава:

The Russian regional Emergency Ministry has denied that any military air defenses were involved in the incident.

Зборуваме за доколку би требало да се пресретне метеор. Фаланга со која димензија е метеорот, за да не му фали влакно од против воздушна ракета/и? Јасно дека тој трпи огромни сили од самата атмосфер, но сепак.
Во врска со вториот дел од прашањето, кога астероидот станува метеор тогаш радарот престанува да го детектира. Радар (голем) може да го детектира пред да почне светлечкиот феномен. Ова е од причина што радарот функционира на принцип на радио бранови кои се во соштина електромагнетни бранови. Радиобрановите се одбиваат од телото и се враќаат назад кај предавателот. Е сега кога ќе започне светлечкиот ефект односно метеорот ќе навлезе во атмосферата тогаш поради брзината на навлегување и силата на триење од атомите и молекулите на атмосферата се отцепуваат елетрони, се претвораат во плазма и тоа е тоа уствари што го создава светлечкиот ефект (а не согорување. Согорување постои но таа светлина е премногу слаба во споредба со плазмата). Проблемот е што плазмата не дозволува одбивање на радио брановите и враќање кај предавателот  туку ги дисперзира и одбива на многу страни. Поради ова кога астероидот ќе почне веќе да свети и да создава Plasma blanket веќе станува невидлив за радарот односно radar signature е премногу мал за да биде детектабилен (исто како и B2 bomber-от или F-117 stealth што радарот не ги гледа, тоест ги гледа како да се птици). Малата димензија на астероидот исто така е проблем а и оддалеченоста. Затоа се сомневам дека русиве успеале да го фатат на радар кога веќе навлегол во атмосферата а се сомневам дека успеале да го детектираат и пред да навлезе бидејќи бил премногу далеку и премногу мал за да биде детектиран.

+1

;D ;D ;D
People should not fear their government.The goverment should fear its people.

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Вонземјани ќе ја нападнат Земјата во ноември
« Одговори #339 на: 19 Февруари 2013, 19:41:17 pm »
У секој случај срамен ден за сите астрономи кој не успеаа да го предвидат паѓањето на метероитот.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34155
  • Таков е животот... јебига
Одг: Вонземјани ќе ја нападнат Земјата во ноември
« Одговори #340 на: 19 Февруари 2013, 19:49:35 pm »
Куре, ја ти лапнав една колешка, па сеа ти види дали е срамен ден ;)




;D

Отсутен Sportex

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7879
  • Иштван Беќар Пецарош
    • camouflage.mk
Одг: Вонземјани ќе ја нападнат Земјата во ноември
« Одговори #341 на: 19 Февруари 2013, 21:01:22 pm »
Не продавам пувки само ви ги објаснувам работите за кои сум стручен. Башка кажав не ги нарекувам сите руси идиоти освен оние кои користат лага за да привлечат внимание и да создадат лажна слика за генијалноста на руската ПВ одбрана.

Стручњак за економија, софтвер, автомобили, астрономија, пичиња !!!!! Да те прашам нешто, што бараш сеуште во МК? :)

Отсутен Tome-Colt

  • Близок до администрацијата
  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4619
  • Муфљуз
Одг: Вонземјани ќе ја нападнат Земјата во ноември
« Одговори #342 на: 19 Февруари 2013, 21:07:52 pm »
Па он уствари не е во МК, ова е негов холограм кој што преку разни биолошки и хемиски реакции го добил алтер егото на правиот „Фаланга“ кој уствари во моментов истражува на полето на квантната физика.
„Јас, Филип, кењам по форуми и не треба човек ништо да ми верува. Се што пишав за брзината на возење е куп гомна од коњ.“

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34155
  • Таков е животот... јебига
Одг: Вонземјани ќе ја нападнат Земјата во ноември
« Одговори #343 на: 19 Февруари 2013, 21:08:43 pm »
Дупете дупете....

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10989
  • 430i
Русија ја погоди НЛО, а не метеор
« Одговори #344 на: 20 Февруари 2013, 11:45:40 am »
Цитат
Министерството за вонредни состојби во Русија информирало дека руски експерти потврдиле дека детално го истражувале езерото каде падна метеор и откриле дека нема делови од небесно тело.

Прво се верувало дека станува збор за напад односно тестирање оружје од страна на САД. Сепак, потоа се појавила фотографија на која се гледа дека освен метеорит кој доаѓа кон земјата, до него имало уште една светла точка.

Врз основа на тоа многумина веруваат дека вонземјани го уништиле метеорот и така ја спасиле Земјата од катастрофа, но дека нивниот брод сепак се срушил.

http://denesen.mk/web/2013/02/20/rusija-ja-pogodi-nlo-a-ne-meteor/



Фаланга, да не си ги помешал копчињата нешто, рековме накај Собрание, не накај Русија ;D