Never mind
Метеорот над Русија не можел да биде однапред регистриран
19.02.2013
Научниците овие денови се фокусирани да ги утврдат карактеристиките на метеорот, кој експлодираше над Русија на 15 февруари, врз основа на собраните податоци од сеизмички инструменти кои снимаат во потреси и микрофони за нуклеарни експлозии. За разлика од астероидот ДА14, кој истиот ден како што и беше предвидено, само помина во близина на Земјата, овој објект беше многу мал, за да биде откриен пред неговата опашка да се појави на небото над рускиот град Челјабинск.
Поглед од европскиот метеоролошки сателит на метеорот во атмосферата над Русија на 15 февруари
Но, и мал метеорит, во смисла мал за да се примети пред да удри во Земјата, може да донесе големи разурнувања. Според астроном од Универзитетот Вестерн во Лондон, овој објект бил 15 м. широк (астероидот ДА14 бил 50 м.) и тежок повеќе од 7.000 метрички тони, кога влегол во атмосферата. Според нејзините проценки, тој летал со суперсонична брзина од околу 18 км/с пред да експлодира на висина од 15 до 20 км. предизвикувајќи ударен бран, кој ги кршел прозорците во заглушувачка експлозија кога пристигнувал на површината.
Најголемиот метеор по Тунгускиот настан во 1908 година стигна неколку часа пред многу поголемиот објект, кој „мирно” помина покрај планетата на оддалеченост од приближно 27.000 километри. Според стручњакот за планети од тимот на програмата за објекти во близина на Земјата на НАСА, болидот нема никаква врска со астероидот 2012 ДА14. Помеѓу другото и поради тоа што се движел во правец север – југ, спротивно од траекторијата на астероидот.
Силата на експлозијата била еквивалент на експлозија од 500.000 ТНТ, тринитролуен, која е приближно 30 пати посилна од експлозијата на атомската бомба во Хирошима, но тоа е само 5% од ослободената енергија на експлозијата на Тунгускиот метеор од 1908 година кога биле срушени дрва на површина од 2.000 км2 во Сибир. Местото на ударот е оддалечено само 2.400 км. од местото на експлозијата од 15 февруари. Се претпоставува дека тунгускиот метеор бил со приближна големина на астероидот 2012 ДА14.
Според тимот на „Near Earth“ програмата, не е чудно што научниците не го детектираа метеорот над Русија. Астрономите ширум светот, користат телескопи од Земјата кои можат да видат само објекти кои се доволно големи, за да може од нив да се рефлектира доволно светлина на чија основа ќе се детектираат.
Телескопот од Опсерваторијата Ла Сагра на југот на Шпанија го откри ДА14, бидејќи астероидот се движел во близина на Земјата на својата орбита од 366 дена. Астрономите во другиов случај ја немаа истата среќа, не само поради малата големина, туку и поради тоа што тој се приближувал од правецот на Сонцето, па сончевата светлина не дозволила детекција од телескопот претходно.НАСА своето внимание го насочува повеќе кон поголемите објекти. Американскиот Конгрес во 1998 година побара од НАСА да открие 90% од астероидите во близина на Земјата, со дијаметар од еден километар и повеќе, што НАСА досега успешно го правеше.
Само еден удар на астероид од тие димензии ќе го загрози опстанокот на планетата, па поради тоа во 2005 година тоа барање се прошири на астероидите со дијаметар од 140 метри и повеќе. Досега, НАСА регистрираше повеќе од 9.600 објекти во близината на Земјата, од кои повеќето од нив се поголеми од 100 метри и ниеден не претставува опасност за Земјата.
Фондацијата Б612, која ја основаа научниците, меѓу кои и поранешни астронаути, планираат до 2018 година да лансираат телескоп во Вселената, кој би можел да регистрира објекти во близина на Земјата со пречник и до 30 м. Тие направиле и каталог од овие објекти, но во него се наоѓаат само пола процент од над милион астероиди, со тие големини во близина на Земјата.
Телескопот Б612 може да забележи астероид сличен на тој во Тунгуското подрачје пред да удри во Земјата, но да идентификува карпа од 15 м. ќе биде многу потешко.Во блиска иднина, вакви удари, иако ретко, ќе продолжат да ги изненадуваат луѓето.
Извор: Астрономски Магазин
Поглед од европскиот метеоролошки сателит на метеорот во атмосферата над Русија на 15 февруари

Какви светли точки какви пичке материне, вонземјани, Боки 13, Чак Норис