Огромен астероид ќе мине крај Земјата
Денеска во попладневните часови покрај Земјата ќе помине педесетметарскиот астероид наречен "2012 ДА14". Астероидот ќе прелета на само 27.000 километри од Земјата, што е најблиску откако научниците ги следат небесните тела во близина на нашата планета.
Неговото патување во орбитата ќе ја намали ефективноста на неколку сателити кои се користат за временска прогноза, пренос на ТВ канали и телефонска комуникација.
Од НАСА тврдат дека нема речиси никакви шанси да дојде до судир со Земјата, што е среќна околност, бидејќи евентуален удар на астероидот со земјата би развил енергија 1000 пати поголема од експлозијата на атомската бомба во Хирошима, односно би збришал град со големина на Лондон.
Астероидот нема да биде видлив со голо око, но тоа би било возможно со помош на телескоп над североисточниот хоризонт, отприлика 2 часа по заоѓањето на Сонцето.