Деновиве низ интернет порталите се појавија фотографии од познатиот НЛО инцидент "Розвел", чии детали долги години не се откриваат и се држеа во тајност. Впрочем, во извештаите се истакнува дека станува збор за неидентификуван летечки објект кој се приземјил во близина на Розвел, Ново Мексико, во 1947 година.
Низ годините се шпекулираше дека во летечкиот објект имало вонземјани кои сакале да ја окупираат земјата. Сепак, целосната вистина никогаш не е откриена. Според тврдењата на американската армија станува збор за надзорен метеролошки балон. Наспроти нив, експертите тврдат дека станува збор за летало од вселената, како дека вонземјаните биле фатени и убиени, а американската војска била дел од целиот тој процес.
извор
http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=5174A3B97ABEA247BAFE4E6943C2EDFBNot a valid youtube URL