СКАНДАЛОЗНО!!!
Крајот на светот нема да се случи на 21. декември 2012 година, соопшти НАСА.
ШТЕТА!!!
“Во 2012 година нема да му дојде крајот на светот. Тврдењата дека набрзо ќе настапи крајот на светот не се поддржуваат од никакви научни основи“, се вели во соопштението на американската вселенска агенција.
НАСА ги демантира најтиражните верзии за крајот на светот, а едната од нив гласи дека Земјата ќе се судри со мистичната Нибиру, која лута во Сончевиот систем.
Првично таа катастрофа се очекуваше во мај 2003-тата година, но таа не се случи и тогаш се појави нова верзија за крајот на светот, што ќе настапи на 21 декември 2012-тата година. Имено, на тој датум завршува еден од циклусите во календарот на Маите.
“На 21 декември 2012 нема да дојде крајот на човештвото, туку ќе настапи зимскиот солстициј (зимска краткодневница)“, додава НАСА и истакнува дека древните Маи никогаш воопшто не го претскажале крајот на светот.
Според американската вселенска агенција по 21 декември 2012-тата година во календарот на Маите започнува нов циклус, токму како што на 1 јануари 2013-тата година започнува новата година.
Научниците од НАСА, меѓу кои астрономи, астробиолози и експерти за изучување на астероидите и на Сонцето, ќе имаат видео разговор на “Гугл“, на кој ќе им објаснат на љубопитните луѓе подетално зошто теориите за крајот на светот се лажни.