Стефан ме интересира од каде ти е мислењето дека е паднат квалитетот.
Дали твое приватно возило некогаш сме го переле со четка?
Дали твое приватно возило не било добро испрано?
Зошто кога виде дека службеното возило го перат со четка не кажа одма дека несакаш така,можеше мене веднаш да ми кажеш и да ја исправиме работата,наспроти тоа ти само што искочи од перална напиша што напиша.
Бидејки службените возила кој ги переме се екстремно прљави им дозволувам да ги поминат со четка бидејки сунѓерот неможе да извади нечистотија како што ќе извади четката.
Немој да мислиш дека имам намера да се правдам,јас си имам работа со психички ограничени работници и доколку еднаш му кажеш дека возило од фирма може да се пере со четка он си го става тоа во глава и кога и да види возило со налепница ја грабнува четката.
Е поради ова секој ден од јутра до сутра сум во перална за да пробам колку можам да ги контролирам работите ама некогаш ми искачаат од контрола.
Кога не зависат работите само од тебе скоро и да е неможно да ги контролираш.
Бидејки си редовен муштерија можам ете јавно да ти се извинам и ако сакаш слободно помини ако нешто не е добро испрано да го средиме.
Имам чувство дека општо како народ одвај чекаме некој да згреши за да можеме да плукаме по него.Може 100 пати добро да ја завршиш работата ама еднаш ако згрешиш е крај на светот.
Бидете ми поздравени и имајте убав ден
Здраво Бушав, прво да се извинам за јадење гомца на форум, не знаев дека така било за службени возила.
Мое возило
НИКОГАШ не било перено со четка. (Кај тебе)
Мое возило секогаш било добро испрано, но исто така секогаш сум имал некаква мала замерка, дали умастена шофершајбна од внатре (ова многу ме нервира и сам си ја бришам), дали испрскано од средството за пластика, прљави бандажи и слично, ништо страшно, али ипак..
А како што кажа, редовен сум бидејќи сметам дека пералната е најдобра во Скопје, затоа и доаѓам секој пат до таму. Не дека ми е изузетно далеку во споредба со некој од другите форумџии, али у маало имам 2 перални а на Илинденска уште 5 или колку и да се.. Можам да ја гурам до перална, али го тепам патот до кај тебе.
Извини уште еднаш што постирав без да знам. Не беше фер од мене што одма фатив да пишувам, таков сум по природа да јадам гомца и у комбинација со денот... :/
Ама сепак моето мислење е тоа, порано имаше микрофиберче за каросерија, за стакло и триста чуда, не ја пропознавав коа ја зимав..

Неќам да навлагам многу, али сеа ги шлапаат тие еленските кожи по колите, гледам дека со ист сунѓер ги бришат прво доле праговите, па ке се префрли на хауба или кров со 3 кила земја (пошо ја перам еднаш месечно, нормално

).
Ќе продолжам да доаѓам и понатаму и се надевам дека нема да им кажеш да ми ја перат со чакал.
