Па реално,кога шишањето низ градов е од 150 до 250 денари,перење кола 100 денари да не сакате да биде ?
Не заебавајте.Јас ако се прашувам,перење кола испод 300 денари никаде не би имало.
Просечно време на перење за кое се пере мојата кола е 1 саат до 1 саат и 15 мин.
За моето возило тоа чини 250 МКД, односно 200 МКД за другото. Секогаш му оставам на човекот бакшиш од барем 50 МКД, бидејќи сум свесен дека никој нема да посвети толку време за 200 или 250, и со тој бакшиш колку толку да му го вреднувам трудот.
Договорени сме да никогаш не користат од оние четкине што ги користат во сите перални за побрзо, при усисување користат четка а не пластичен завршеток што уништува седишта, колку толку пазат на одредени детали при самото перење...
Инаку кај Едон отидов неколку пати пред да затвори, и бев многу задоволен. Штета што ја затвори пералната, и за жал касно го открив, па само неколку пати перев таму

Kaj Веро Центар перев еднаш, и не ми се бендиса.. Кога ми ги ставија патосниците скроз мокри, цела кола мирисаше на влага недела дена.. Сум приметил по пералниве патосниците ги перат на крај, и ти ги ставаат скроз мокри.. Кај овие што перам сега сме договорени прво да почнат од патосниците, ги ставаат да се сушат и до крај на перењето (после саат и нешто), колку толку се посуви него директива у кола мокри..
И се слагам дека саглам перење не е можно да кошта 200 или 250, и би платил и повеќе дефинитивно, за перење што има одредени стандарди и квалитет (покрај работната рака ако сакаме саглам материјали (крпи што се менуваат после некое време, а не истите 3 години на пример), саглам средства и слично).