И јас доста често перам кај Вас, ама имам забелешки на задниот дел - никад не е испран како што треба. Второ, има ли разлика ако платам 250 ден или 120 ден кога ја ПРЕДперат со Вап? Не би требало, ама очигледно дека има - исто и кога има гужва, нели? Трето, десниот перач на тркалата има ослабен федер или што ли да е, ем се гледа визуелно, ем квалитетот после перењето. А што праиме со перењето на под крилата (над тркалата)? Зошто без разлика на програмот некад има пена онака здраво, а некад само колку да се рече? Зошто додека ја перев рачно со шмрк колата од долу немав 'рѓа, а после долното перење кај Вас ми скапа патосот од сол? Зошто кога ќе замолам при рачното перење да обрнат малку повеќе внимание над тркалата и задниот дел на возилото, тие потврдуваат со глава и пак си тераат по свое? Како да го бришеме ѓубрето позади вратите кога чешмата Ви е оддалечена од пунктот за до-чистување на колата или сметате дека не е потебно секое место да има и чешма? У врска усисивачот нема да коментирам, јасно е во каква состојба е и колкав е дометот на цревата, близината на колите што се до-средуваат и сл. Користите Мафра, а Сонакс гледав достава или комбинирате... Двете се врвни, нема збор, само што бидна со репрезентациите на реквизити како миризливи елки и сл., или криза е па ...
Да се разбереме, исклучително Ве почитувам и препорачувам, но морам да Ви кажам дека не сте стандардни-еднаш сум презадоволен од перењето, другиот пат разочаран... во што е проблемот?