Денес на враќање од Лисиче свратив во пералнава Морски 2 да го исперам количево.
Не сум перел одамна овде, ама пошто ми беше успат решив да пробам да видам како ќе биде.
Резултат.......многу многу пријатно изненаден. Вака до сега никој не ми ја испрал колата. Поготово што на потег Аеродром Ново Лисиче јас незнам да има некоја добра перална, па за перенје сум одел и докај Оли.
Дечково ја земал пералнава да ја работи, и вака ако продолжи му прдстои светла иднина.
Користи некои италијански средства (не ја запамтив фирмата како се викаат) значи активна пена, потоа восок, млеко за шал табла, средство за гуми, и сето тоа по цена од 150 ден. за така квалитетно завршена работа.
Да не испадне дека го рекламирам дечково, ама стварно прв пат го гледам. Едноставно си ја знае работата.
Кој е во близина, може да проба сигурен сум нема да згреши.

Еве и слика од долно перење. Незнам дали на друго место во Скопје перат вака подвозје.
