Типичен бизнисмен
Ако не како шивачкине од Штип, за 1 денар нека работат. Баш зошто е тешка нека се плати повеќе. Да беше платено немаше сите да бегаат од работата. 1000еу да ми дадат одма трчам во првата автоперална колку сака тешка нека е работата. За 500 ден дневница колку пари толку музика
Пак ќе бегаат сите. Многу специфична работа е. Пример - еве, ти давам 1000 евра плата. Ама, прво, цената на перење нема да биде (карикирам) 200, 250, 300, 500. Не. Ќе биде 900-1000.
Друго - јас, како работодавач, за таа плата што ја давам, очекувам перфекција при вршењето на работата. Но, пошто знам колку е тешка работата, а ти, како мој вработен, сигурен сум дека нема да даваш се од себе во 100% од случаите, ради Х причини. А мене ми трпи работата. Решение е или да ти намалам плата, или да си одиш од работа. Ни таа ја бива, ни таа.
Трето - перењето нема да трае 40 минути, ќе трае 2 часа. Зошто? Цената го диктира квалитетот, а квалитетот сака време.
Четврто - прашање е колку од вас се спремни да платат 1000-ка по перење. А со тоа, мене не ми оди работата, јас не можам да ги платам соодветно вработените, и пак сме во дупката.
Петто - работна сила. Веќе сме во фаза кога сите сакаме добро, квалитетно перење, а тоа сака посветеност, знаење и трпение. А тоа некое дете што мајка му го тера летово да поработи, ќе дојде 2-3 дена, ќе види дека е тешко, и си оди, не е во можност да го обезбеди.
Има многу посериозни работи и потешки кои не се соодветно платени, од перење кола. Проблемот не е во браншата, работодавачите со перални или работниците. Проблемот е во системот. Секаде треба да се повисоки платите.
Не е толку едноставно. Повисока плата не е секогаш решение. Дури и ретко е. Ако ти давам ниска плата, како работодавач очекувам "нормална" работа, и посветеност како доказ дека сакаш да напредуваш. Ти се утепуваш од работа, а мене дали ќе ми текне или не, дали можам или не - да ти покачам плата, е друга работа.
Ама, ако ти покачам плата, и моите очекувања ќе се подигнат. А ти, како работник, ќе си тераш "нормално", пошто секако во еден момент си си кажал "заслужувам поголема плата" и сега работиш лезет, како компензација за периодот кога си зимал пониска плата. И ете ти пак конфликт.
Не е толку едноставно. Прекомплексно е, а едини разлог за тоа е системот и времето во кое живееме. Не треба да има плата испод 1500 евра. Точка.
А ние, едвај нешто под 500 евра ни е "нормална" плата. Е па, не може така.