Автор Тема: Перални низ Скопје?  (Прочитано 896242 пати)

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17782
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Перални низ Скопје?
« Одговори #3540 на: 22 Февруари 2021, 08:39:17 am »
Да не барам низ темава, дали може да ми пратите локации на самоуслужни перални во Скопје што имаат онаква густа активна пена (не Гала пералниве) и што работат или до касно или 24 часа?

@MartinAlfista викај ако переш така навечер :) Дојден и е редот и на мојата после сето автопатско возење.

П. С. Ми излегуваат спонзорирани постови од некоја перална со розева (ваљда активна) пена, може и тоа во предвид да се земе

Најди ја таа со розевата пена, тоа ми треба... Да се задржи малце на кола :)

Со Бушав зборнав, ми рече дека според него не би требало магленките да бидат конзумирани од пералната ама не можел ништо да гарантира... А сакав од доле убаво да ја исперам кај нив. :)

Отсутен dbl.dzo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1831
  • Alfa Romeo 147 1.9 JTD
Одг: Перални низ Скопје?
« Одговори #3541 на: 22 Февруари 2021, 09:08:37 am »
Ја најдов пералната, „Самоуслужна автоперална Лимпид“ иии.. за жал е во Кавадарци. Прашав за некои други дали има во Скопје, па чекам одговор. Додуша може да ја пробаме и онаа Жад МиМ на излез кон Гостивар мислам дека беше.

А за вториов дел, не ми е нешто јасно - сакаш да ја испереш кај Бушав од доле, ама магленките имаат ризик?

Отсутен Roci

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3869
Одг: Перални низ Скопје?
« Одговори #3542 на: 22 Февруари 2021, 09:12:00 am »
I vo Prilep imas samousluzna peralna so  aktivna pena so rozeva boja  ;D

Отсутен Inter1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2821
Одг: Перални низ Скопје?
« Одговори #3543 на: 22 Февруари 2021, 09:15:15 am »
Бојата нема врска со ефикасноста на пената. За инстаграм и такви работи може е интересна, друго нема улога.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17782
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Перални низ Скопје?
« Одговори #3544 на: 22 Февруари 2021, 10:26:55 am »
Ја најдов пералната, „Самоуслужна автоперална Лимпид“ иии.. за жал е во Кавадарци. Прашав за некои други дали има во Скопје, па чекам одговор. Додуша може да ја пробаме и онаа Жад МиМ на излез кон Гостивар мислам дека беше.

А за вториов дел, не ми е нешто јасно - сакаш да ја испереш кај Бушав од доле, ама магленките имаат ризик?

Најдов уште една, ќе ти пишам на соц. мрежи да се здоговориме за перење ;D

Отсутен Roci

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3869
Одг: Перални низ Скопје?
« Одговори #3545 на: 22 Февруари 2021, 10:31:40 am »
@Inter1  pobratime drug e keifot so rozeva pena. Semata e taka sega  ;D

Отсутен Inter1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2821
Одг: Перални низ Скопје?
« Одговори #3546 на: 22 Февруари 2021, 10:35:47 am »
@Roci  затоа пишав за инстаграм е топ :)
Јас би сакал перална со некоја неон зелена боја на пената :D Тоа би било исто шема :)

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17782
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Перални низ Скопје?
« Одговори #3547 на: 22 Февруари 2021, 10:37:35 am »
Се додека е доволно густа да стои додека поминуваш со ракавица, и бела нека е пената, не мора за на инстаграм да биде убава.

Отсутен Inter1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2821
Одг: Перални низ Скопје?
« Одговори #3548 на: 22 Февруари 2021, 10:41:46 am »
@MartinAlfista  не те разбирам? Дозволуваат некаде со ракавица да поминеш? Еднаш во гала б.трајкоски извадив ракавица, тој што работеше таму лом ме направи. Втор пат прашав дали може барем средство за бандажи да испскам, не ми дозволија пак, така да баталив таму да одам.
Ако има перална што е дозволено твои средства да користиш, пишете.

Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3930
Одг: Перални низ Скопје?
« Одговори #3549 на: 22 Февруари 2021, 11:12:19 am »
@MartinAlfista  не те разбирам? Дозволуваат некаде со ракавица да поминеш? Еднаш во гала б.трајкоски извадив ракавица, тој што работеше таму лом ме направи. Втор пат прашав дали може барем средство за бандажи да испскам, не ми дозволија пак, така да баталив таму да одам.
Ако има перална што е дозволено твои средства да користиш, пишете.
Пред псс во кисела вода,дозволуваат...

Sent from my Redmi Note 8 Pro using Tapatalk

Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Отсутен zvonkog

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1083
Одг: Перални низ Скопје?
« Одговори #3550 на: 22 Февруари 2021, 12:18:35 pm »
@MartinAlfista  не те разбирам? Дозволуваат некаде со ракавица да поминеш? Еднаш во гала б.трајкоски извадив ракавица, тој што работеше таму лом ме направи. Втор пат прашав дали може барем средство за бандажи да испскам, не ми дозволија пак, така да баталив таму да одам.
Ако има перална што е дозволено твои средства да користиш, пишете.

Ти многу прашуваш  ;D ;D ;D ќути, врши работа, прај се албанец, кревај со рамењата и викај не сум знаел  ;D ;D ;D
Ја редовно идам у Гала во Ново Лисиче, едино гледам да нема многу гужва и да не правам застој, поминувам со крпата/ракавицата и терам даље програми, еднаш ми рече тој вработениот, ама у стил ако може малку побрз да бидам!

Отсутен dbl.dzo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1831
  • Alfa Romeo 147 1.9 JTD
Одг: Перални низ Скопје?
« Одговори #3551 на: 22 Февруари 2021, 12:23:46 pm »
@Inter1 не разбирам зошто не би дозволиле барем ракавица? Посебно ако го правиш тоа на полноќ, рандом кажувам термин, кога нема никој.

Инаку @Roci во право си, вчера кога излегував од Прилеп, ја забележав таа перална („Кај Рипило“  ;D), треба некој викенд да ја испробам. 

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: Перални низ Скопје?
« Одговори #3552 на: 22 Февруари 2021, 12:26:00 pm »
@Inter1 не разбирам зошто не би дозволиле барем ракавица? Посебно ако го правиш тоа на полноќ, рандом кажувам термин, кога нема никој.

Инаку @Roci во право си, вчера кога излегував од Прилеп, ја забележав таа перална („Кај Рипило“  ;D), треба некој викенд да ја испробам. 
Сигурно дека може на полноќ или ако нема гужва. Не те ни перципира дека постоиш типот.

Отсутен Inter1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2821
Одг: Перални низ Скопје?
« Одговори #3553 на: 22 Февруари 2021, 12:46:48 pm »
На полноќ не одам, страфф ми е од вампири :)

@dbl.dzo не разбирам ни јас, ама пред 2 години беше тоа отприлика, може гужва било не знам, битно тој лом ме направи, пералната била само за нивна опрема :)

Вториот пат за да не ме кара чичкото прашав, викам може ли само да испрскам бандажи ептен беа поцрнети, па со нивниот вап без сунгери/крпи без ништо исто нешто ми искоментира, дека само со нивна опрема/хемија смеело, се друго забрането и тогаш ги баталив.   

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6436
Одг: Перални низ Скопје?
« Одговори #3554 на: 22 Февруари 2021, 13:06:16 pm »
На самопослужнава што ја користам, има четка и кофа за користење, и некои синтетички крпи.

Која е разликата дали ќе ја користам нивната четка, или мојата ракавица? До сега, никој не ми направил никаков проблем, а знам да се "распостелам" со пумпици средства, четки и крпи.

Башка, кога и да одам, и да има ред пред мене, трпелив сум. А и останатите се трпеливи, си чекаат, нема приговори.

Еднаш дури и ми снема ситно, едно типче ми даде 10 денари да завршам работа.

А гужва има речиси стално.