Треба доста да внимаваш каде ја оставаш колата ....
Никогаш не ја тргам колата од вид, ако треба, саат време ке чекам да ми ја исперат, ама на очи да ми е ...
Ете сликите кај мене во мојата тема се тазе од перална извадена кола ... Нити ја исцедија како што треба, нити пребришаа, прв пат перев кај нив, и крајно незадоволен ...
Втор пат случајно поминувајки покрај една перална, видов дека користат активна пена ...Откако ке ја извадат пената, користат микрофибер крпи да ја извадат водата надвор ....
Внатрешноста ја поминуваат со спреј, внимаваат на деталите ...
Мене нешто што ми е пресудно е како ја чистат колата внатре, дека ми е поспецифичен ентериер, кожа-платно ...
На крај, гледам Сонакс користат ...
Има по 2-3 коли секогаш пред мене, но околу 20-25 минути на една кола посветуваат ... и Браво за тоа ...