Темава е за Скопје, ама чисто нека се знае.
Оставена колата денес на перална за чистење внатре/надвор. Тежок тумрук (што би рекле Прилепчани) е човекот, вчера го прашав дали има термин за денес, не ми обрна внимание, тргнав да си одам, па ми кажа кога имал термин. Бев точно денес на време таму и ми рече дека бил презафатен, па да чекам да пребриши, па почекав, му оставив кола и налутено ми одговори кога прашав дали до одручек би била готова колата. На крај само ми "титна" на телефон, му ѕвонев, не се јави, а бројот не ми беше внесен... 21 век сме бе човече....30 секунди работа е да кажеш "Друже, дојди, готова е колата."
Колата е чиста навистина, со мали забелешки, но како со свинска маст да е мачкана, сите црни пластики блештат, мириса внатре на Joker од јагода. Што е тоа е, најдобро е дома перење.