Никогаш не оставам кола во перална. Само што си ја купив мојата прва кола, месец и пол дали имаше, ја носев на второ перење во VIP car wash во аеродром. Отидов до Тинекс да испазарам додека ја перат и кога си ја земав видов дека кровот беше изгребан и имаше темна дамка (нешто искапало). Нормално, негираа дека они го направиле тоа, а неколку месеци подоцна во пералната кај Мечкаров најдов еден од дечките што работеа во VIP кој ми кажа дека се сеќава на колата и дека е сигурен дека таму ми ја изгребале, но не можеше да се докаже. Ова ми беше wake up call и од тогаш - кај што е колата, таму сум и јас.
Не ја оставам колата во перална бидејќи во пералната кај Мечкаров на еден дечко што си ја остави колата му го изгубија клучот. Колата му остана два-три дена во пералната, бидејќи требаше да си заврши работа со лизинг компанијата да добие уште едне клуч. На крај си ја зема, ама дури после неколку дена.
Не ја оставам колата во перална бидејќи во пералната во Супер Тинекс на Првомајска, копиљаците што переа коли маста им ја вадеа на колите што ги имаа оставено за перење. Кога се појави еден од сопствениците и кога виде како се турира неговата кола во место и се шкрипат гумите за да ја препаркираат колата, малку фалеше еден од копиљаците да изеде ќотек.
И така, памет во глава на кого оставате кола...
