Јас за пералната на
@Bu$aV MeGaNe имам само пофални зборови.
Бев редовен клиент таму и не ги перев возилата во ниедна друга перална.
Знаејќи го перфекционистичкиот пристап на Бушавиот, верувам дека и новата перална ќе ја работат по прописи. Ќе пробам, и искрено ќе споделам тука.
Во понеделникот 30.07 се спремав за патување и морав да го исперам возилото. Бидејќи беше премногу рано, околу 8:15 утрото и ептен се брзав, пералната на Бушавиот не беше отворена и решив да се пробам сам да го исперам возилото во новата перална кај Борис Трајковски салата.
Принципот на автоматска самоуслужна перална е интересен. Квалитетот што го добив на крај беше под просек.
Мушичките останаа залепени на маската напред, возилото внатре остана само "усмукано" без да го помине некој со крпа. Капки и флеки по цела каросерија.
Теоретски за да добиеш топ резултат во автоматска самоуслужна перална треба да имаш цел гепек полн со средства и гаџети за да можеш да добиеш прописно чисто возило на крај. Значи стандардната услуга не ти покрива целосен третман за перење. Шампонот, пената и што и да е тоа што искача од распорскувачот се премногу разводнети или не ефикасни. Повеќе му доаѓа како детално плакнење. Искрено мене четирите жетони за стотче ми беа премалку за да го исперам возилото како што сакам. Плус правосмукалката е прилично слаба, цревата и се премногу кратки и кратко трае за да поминеш поголемо возило. Тоа значи за да ја исперам колата саглам ќе ми требаат 300 денари. Јебига, таков човек сум работам детално и полека, немам искуство со работа во перални.
Мојата соработка со оваа автоматска перална беше прва и можеби последна. Следен пат може да ја посетам само во случај ако немам никаква друга опција за плакнење, а очајно ми треба услуга.