Автор Тема: Совет за Golf PLUS 1.6 TDI - 2011  (Прочитано 22335 пати)

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7076
Одг: Совет за Golf PLUS 1.6 TDI - 2011
« Одговори #60 на: 13 Декември 2020, 10:08:29 am »
Еве

http://forum.carclub.mk/index.php/topic,24136.msg1137770.html#msg1137770
Ух, фала ти. Ќе се провери утре па ќе пишам, да се надеваме дека е до тоа.

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7076
Одг: Совет за Golf PLUS 1.6 TDI - 2011
« Одговори #61 на: 15 Јануари 2023, 22:44:19 pm »
Аууу, темава да ја воскреснеме.

Срамота е не сум пишал решение на проблемот.

Сменет е замаец и ламела комплет, пишав некаде дека наместо фиксен, каков што и беше фабрички е ставен варијабилен. Набавен од Рели Рејсинг на Млечен, сменет кај Влатко во Др. Аутo, искрено задоволен од сработеното. Тресењето остана и по промената... решението во продолжение. До сега поминаа скоро 3 години, јас презадоволен од замаецот, поубаво тргнува и се намали тресењето при тргнување.

Проблемот со тресењето се среди со репарирање на дизните, се се правеше во короната и немаше делови кај нас па работата завршена во Умка, поред Београда, сервис Јанчић. Цена околу 400 еур, у тоа време, се завршено со праќање и враќање назад за 24 саати. Колата си проработе како што треба, се изгуби тресењето. Е сега не бев задоволен од што мораа да ја сменат мапата кај нас, а беше чипуван, зафатот го направија кај Зоки на млечен, колата малце како да ми изгуби на снага на пониски вртежи, за накај 2.500 нагло да добие, ама не ми се даваа пак 200-300 еур и остана така да се вози па се навикнав.

Последниве 3 години без проблеми си тера секојдневно, редовен сервис, нафта, гуми, фарбање по некој браник, хемиско... Ме нервира што смрди од ауспух...

Лани по промена од летни на зимски почна да вади некој звук на вртење на волан на место и да тропка по нерамнини, сменет само стабилизатор пошто локалниов мајстор немаше време и не ги смени лагерите на амортизерите. Оваа година решив и тоа да го средам, ама мајсториве слаб интерес за се што не е промена на уље и филтри и во 5 до 12 отидов кај Митревски, оставив колата и го замолив да ја среди. Човекот професионален скроз, видел што е проблемот, смени што требаше, јас презадоволен од сработеното, во прилог фактурата.

Искрено колата многу потивка, нема бука, нема тропкање, извозени едно 300км, лебди комбето.



Сменети и амортизери на гепек, ме нервираше не се отвараше до крај и се мавав со глава.

Колата до сега има 159.000км и наместо под преса си ја носам по сервиси, не е поефтино, ама па треба човек и некој порок у живот да има.

Ако ми текне уште нешто ќе допишам.


Исто така го молам администраторот, овој наш, не источниот, да го смени насловот и да ја префрли на соодветно место темава.
« Последно менување: 15 Јануари 2023, 23:10:43 pm AUUU »

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8621
  • Малерозен дрводарец
Одг: Совет за Golf PLUS 1.6 TDI - 2011
« Одговори #62 на: 15 Јануари 2023, 23:17:30 pm »
Голф имаш?
Добра плата.
Прав скопјАнец.

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7076
Одг: Совет за Golf PLUS 1.6 TDI - 2011
« Одговори #63 на: 15 Јануари 2023, 23:20:06 pm »
Голф имаш?

Па не е баш голф, повеќе се седи и вози како во Фиат Добло, голф здравје, кога ќе реши класниот да ми го поклони.

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8621
  • Малерозен дрводарец
Одг: Совет за Golf PLUS 1.6 TDI - 2011
« Одговори #64 на: 16 Јануари 2023, 00:39:01 am »
Голф имаш?

Па не е баш голф, повеќе се седи и вози како во Фиат Добло, голф здравје, кога ќе реши класниот да ми го поклони.

Сега ќе му се јавам, нека пише тамо пролазна...
Него, кај класните до 5 идат оцениве...
Сигурно не сакаш шеска? :D
Добра плата.
Прав скопјАнец.

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6448
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Совет за Golf PLUS 1.6 TDI - 2011
« Одговори #65 на: 16 Јануари 2023, 08:24:01 am »
На изглед ич не ми се допаѓа ама ако се добие добра понуда ...

Кај не ти се допаѓаше, го зеде, и се му смена шо не треба пошто мала километража, и уште го возиш еве 8ма година.
Јас мислам тебе човек не можи да те заеби.  ;D

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7076
Одг: Совет за Golf PLUS 1.6 TDI - 2011
« Одговори #66 на: 16 Јануари 2023, 09:16:02 am »
На изглед ич не ми се допаѓа ама ако се добие добра понуда ...

Кај не ти се допаѓаше, го зеде, и се му смена шо не треба пошто мала километража, и уште го возиш еве 8ма година.
Јас мислам тебе човек не можи да те заеби.  ;D

Уште не ми се допаѓа на изглед, ама па инат ме фати, не може он да се расипе повеќе него што можам јас да го поправам. :)

Изузетно ми е практичен, ем за работа се товари, ем со две деца има таман простор, а од друга страна не е караван и краток е па го собира у гаража.

Вожњата изненадува, многу мирен и стабилен на пат. После рамап е покултурно, иначе со оригиналните 105кс и 250Nm спор е ептен.

Поминати со него точно 100.000км од кога го земав.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Совет за Golf PLUS 1.6 TDI - 2011
« Одговори #67 на: 16 Јануари 2023, 09:54:54 am »
Дури има и модерна жичка пошто влече накај СУВче :D

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7076
Одг: Совет за Golf PLUS 1.6 TDI - 2011
« Одговори #68 на: 16 Јануари 2023, 19:51:56 pm »
Дури има и модерна жичка пошто влече накај СУВче :D
Да, да, да. Сега е и модерно :)


Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Совет за Golf PLUS 1.6 TDI - 2011
« Одговори #69 на: 16 Јануари 2023, 21:40:29 pm »
Има апдејт некој за Антарата? Како е, се вози уште?

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7076
Одг: Совет за Golf PLUS 1.6 TDI - 2011
« Одговори #70 на: 17 Јануари 2023, 05:34:01 am »
Има апдејт некој за Антарата? Како е, се вози уште?
Секој ден се полесна и полесна.


Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: Совет за Golf PLUS 1.6 TDI - 2011
« Одговори #71 на: 17 Јануари 2023, 11:00:56 am »
Има апдејт некој за Антарата? Како е, се вози уште?
Секој ден се полесна и полесна.



Се рони по пат? 😂

Присутен Boshe

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5175
  • Пиши лаже
Одг: Совет за Golf PLUS 1.6 TDI - 2011
« Одговори #72 на: 17 Јануари 2023, 11:37:38 am »
Или он слабее или многу нафта троши..


Sent from my iPhone using Tapatalk
Remember to keep yourself alive, there is nothing more important than that

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7076
Одг: Совет за Golf PLUS 1.6 TDI - 2011
« Одговори #73 на: 08 Април 2024, 00:58:58 am »
Се надевам дека ќе истера да ги сврти сите 7ци Голфот.


Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8621
  • Малерозен дрводарец
Одг: Совет за Golf PLUS 1.6 TDI - 2011
« Одговори #74 на: 08 Април 2024, 01:40:32 am »
Заборавив тема дека имаш...

Паркирај, па сликај следен пат, ме штрекоса.
Знаеш дека се грижам.

Ветер имаше денес, сè над 100 веќе е ризик за високи кутии, макар и заоблени. :)


Aма, резервоаров полн - добра плата!
Добра плата.
Прав скопјАнец.