Автор Тема: Тресење од 70-100 км/ч Kia Ceed  (Прочитано 4670 пати)

Отсутен Kristijan001

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 64
Тресење од 70-100 км/ч Kia Ceed
« на: 16 Април 2020, 21:07:11 pm »
Здраво дечки, имам еден проблем со Kia Ceed, ми се јавува тресење при вожња од 70 до 100 км/Ч , сменети нови летни гуми и балансирани, ми рекоа дека нема крив бандаж или нешто слично. Тресењето се јавува при додавање на гас , само во интервалот од 70 - 100 +/- км/Ч.
Што мислите дека би можело да биде, периодов како што е лудница со ситуацијава немам време ни на сервис да ја однесам колата. Фала ви и поздрав  :)

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4999
Одг: Тресење од 70-100 км/ч Kia Ceed
« Одговори #1 на: 16 Април 2020, 21:18:32 pm »
Носи на балансирање на друго место. Можно е да имаш и криви гуми, без разлика што се нови :)

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Тресење од 70-100 км/ч Kia Ceed
« Одговори #2 на: 16 Април 2020, 21:20:06 pm »
Дали кога ќе одземеш гас на 100км/ч го снемува тресењето?

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: Тресење од 70-100 км/ч Kia Ceed
« Одговори #3 на: 16 Април 2020, 21:45:42 pm »
Држач на мотор, можеби..?

Отсутен Kristijan001

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 64
Одг: Тресење од 70-100 км/ч Kia Ceed
« Одговори #4 на: 17 Април 2020, 00:13:40 am »
И ја прво мислев дека е до гуми или криви бандажи евентуално , но денес купени нови летни гуми, претходно имав зимски и пак исто. Иначе тресењето се јавува после 70 и трае негде до 100 +/- и тресе само при давање на гас, односно чим ја тргнам ногата од педалата на гас не тресе. Затоа и ми е многу чудно, се надевам од вторник ке имам време да ја однесам на сервис па да се види детално што би можело да биде

Отсутен TRPEE

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1542
Одг: Тресење од 70-100 км/ч Kia Ceed
« Одговори #5 на: 17 Април 2020, 00:13:43 am »
Внатрешни зглобови?

Sent from my SNE-LX1 using Tapatalk


Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7476
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
Одг: Тресење од 70-100 км/ч Kia Ceed
« Одговори #6 на: 22 Април 2020, 01:10:44 am »
Носи ја во овластен сервис, бесплатна ти е проверката.


Јас стабилизатор сменив пак тропка, ја носам автокоманда кај надвозникот еден сервис, вика гумици над амортизерите горе а колата 50к, правам муабет со други рано е тие да отидат ми велат, и на крај си велам овластен, ми вели стабилизатор, велам мењав, не тој другиот :)
Предница се проверува со тркалата во вис за точна дијагноза :)

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Тресење од 70-100 км/ч Kia Ceed
« Одговори #7 на: 23 Април 2020, 01:28:15 am »
Нели сите бевте презадоволни од неуништливово возило? Амортизери рикнале на 50.000? Застава ебаго.

Ако тресе само под тензија тогаш се држачи на мотор, мењач, луфт некаде кај поттисна, ламела, зглобови. Тоа би можело да биде, а што фактички е, тоа во сервис.

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4999
Одг: Тресење од 70-100 км/ч Kia Ceed
« Одговори #8 на: 23 Април 2020, 08:43:12 am »
Носи ја во овластен сервис, бесплатна ти е проверката.


Јас стабилизатор сменив пак тропка, ја носам автокоманда кај надвозникот еден сервис, вика гумици над амортизерите горе а колата 50к, правам муабет со други рано е тие да отидат ми велат, и на крај си велам овластен, ми вели стабилизатор, велам мењав, не тој другиот :)
Предница се проверува со тркалата во вис за точна дијагноза :)
Не се проверува со тркалата во вис. Се проверува на плочи посебни поставена сигурно си ги видел кај тие што центрираат. Кога е на плочата слободно мрда тркалото долу односно плочата како да лебди...

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3878
Одг: Тресење од 70-100 км/ч Kia Ceed
« Одговори #9 на: 23 Април 2020, 08:55:31 am »
Полуосовина или зглоб, не се мачи со друго.

Присутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6480
Одг: Тресење од 70-100 км/ч Kia Ceed
« Одговори #10 на: 23 Април 2020, 08:57:08 am »
Носи ја во овластен сервис, бесплатна ти е проверката.


Јас стабилизатор сменив пак тропка, ја носам автокоманда кај надвозникот еден сервис, вика гумици над амортизерите горе а колата 50к, правам муабет со други рано е тие да отидат ми велат, и на крај си велам овластен, ми вели стабилизатор, велам мењав, не тој другиот :)
Предница се проверува со тркалата во вис за точна дијагноза :)
Не се проверува со тркалата во вис. Се проверува на плочи посебни поставена сигурно си ги видел кај тие што центрираат. Кога е на плочата слободно мрда тркалото долу односно плочата како да лебди...
Кај мене на технички кога проверуваат подвозје, ја ставаат на машини горе и целата кола се тресе за да проверат луфта. Баш снимав лани за сеатот кога го носев и изгледа вака.




Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7476
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
Одг: Тресење од 70-100 км/ч Kia Ceed
« Одговори #11 на: 23 Април 2020, 09:34:20 am »
Нели сите бевте презадоволни од неуништливово возило? Амортизери рикнале на 50.000? Застава ебаго.

Ако тресе само под тензија тогаш се држачи на мотор, мењач, луфт некаде кај поттисна, ламела, зглобови. Тоа би можело да биде, а што фактички е, тоа во сервис.

Стабилизатор, кај разбра амортизери.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Тресење од 70-100 км/ч Kia Ceed
« Одговори #12 на: 23 Април 2020, 19:28:30 pm »
Ааа погрешно сум сфатил, пардон.

Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7476
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
Одг: Тресење од 70-100 км/ч Kia Ceed
« Одговори #13 на: 24 Април 2020, 00:11:45 am »
Имаш дарба за механичар :)

Отсутен queqe

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 27
Одг: Тресење од 70-100 км/ч Kia Ceed
« Одговори #14 на: 03 Мај 2020, 14:18:22 pm »
Имав ист проблем со киата и јас,тресеше од 1400-1900рпм. Од кога сменив држач на мотор,проблемот се намали околу 70% т.е. тресењето беше од 1700-1900рпм., после некое време менував манжетни на зглобовите и мајсторот стави маст на еден внатрешен зглоб на долгата полуосовина(беше сув барут).Тресењето го снема 100%. Се надевам дека ке имаш аир од моево искуство