Аууу, темава да ја воскреснеме.
Срамота е не сум пишал решение на проблемот.
Сменет е замаец и ламела комплет, пишав некаде дека наместо фиксен, каков што и беше фабрички е ставен варијабилен. Набавен од Рели Рејсинг на Млечен, сменет кај Влатко во Др. Аутo, искрено задоволен од сработеното. Тресењето остана и по промената... решението во продолжение. До сега поминаа скоро 3 години, јас презадоволен од замаецот, поубаво тргнува и се намали тресењето при тргнување.
Проблемот со тресењето се среди со репарирање на дизните, се се правеше во короната и немаше делови кај нас па работата завршена во Умка, поред Београда, сервис Јанчић. Цена околу 400 еур, у тоа време, се завршено со праќање и враќање назад за 24 саати. Колата си проработе како што треба, се изгуби тресењето. Е сега не бев задоволен од што мораа да ја сменат мапата кај нас, а беше чипуван, зафатот го направија кај Зоки на млечен, колата малце како да ми изгуби на снага на пониски вртежи, за накај 2.500 нагло да добие, ама не ми се даваа пак 200-300 еур и остана така да се вози па се навикнав.
Последниве 3 години без проблеми си тера секојдневно, редовен сервис, нафта, гуми, фарбање по некој браник, хемиско... Ме нервира што смрди од ауспух...
Лани по промена од летни на зимски почна да вади некој звук на вртење на волан на место и да тропка по нерамнини, сменет само стабилизатор пошто локалниов мајстор немаше време и не ги смени лагерите на амортизерите. Оваа година решив и тоа да го средам, ама мајсториве слаб интерес за се што не е промена на уље и филтри и во 5 до 12 отидов кај Митревски, оставив колата и го замолив да ја среди. Човекот професионален скроз, видел што е проблемот, смени што требаше, јас презадоволен од сработеното, во прилог фактурата.
Искрено колата многу потивка, нема бука, нема тропкање, извозени едно 300км, лебди комбето.
Сменети и амортизери на гепек, ме нервираше не се отвараше до крај и се мавав со глава.
Колата до сега има 159.000км и наместо под преса си ја носам по сервиси, не е поефтино, ама па треба човек и некој порок у живот да има.
Ако ми текне уште нешто ќе допишам.
Исто така го молам администраторот, овој наш, не источниот, да го смени насловот и да ја префрли на соодветно место темава.