Само да се разјасниме, големината на цевката не е толку важна. На пример можеш да ставиш влезна инка од 1метар дијаметар кој потоа оди со 12цм, па се шири на 40цм за 40цм вентилатор, па потоа се намалува на 18цм за да излезе надвор. Тресам не е битно. Важното е што системот е диктиран од тој 40цм вентилатор. Рачунај површината расте квадратно од дијаметарот, согласно тоа што поголем тоа подобро. За лемење нема гајле и со помал дијаметар ако инката ја доведеш до масата. Ама за нешто повеќе како заварување алуминиум или фарбање, нема шанса.
Ај башка тоа, него ако веќе ставаш добар издувен вентилатор, мора да обезбедиш добар усисен дел. Зошто ако не го обезбедиш ќе ти влече од под вратите и целото ѓубре ќе ти го напика внатре, никогаш нема да исчистиш како што треба. Значи со други зборови, каков што планираш да е издувниот, таков треба да е и усисниот. На тој е важно каков филтер ќе се стави за да не влече ѓубре. А затоа што тој би бил и без цевки, може да е со 2/3 од дијаметарот на усисниот, а да има сличен проток на воздух. Со добар усисен вентилатор, автоматски ќе му се олесни работата на издувниот, и рачунај и ќе му се зголеми и протокот поприлично заради тоа што собата ќе е сега со повисок притисок отколку ако нема усисен вентилатор. Треба баланс некаков да има. А и немора да има усисен вентиларот, може и само дупка со филтер. Ама така мора да се види да сите прозори и врати се затвараат херметички, или приближно херметички. За да биде собата со 2 прста прашина на секое палење.