Моментално сум во процес на изработка на вентилационен систем.
На едниот крај на гаражата сакам да ставам вентилатор со филтер кој би внесувал чист, исфилтриран воздух без прашина во гаражите, додека на другиот крај вентилатор и на него поврзана цевка низ цела должина на гаражата, по работ до работната маса.
На работната маса каде што ќе лемам, алуминиумско црево со вентилатор на крајот кој локално би го туркал чадот од просторот, нагоре по цевката. На средина на цевката планирам да направам систем "на рака" кој би служел за собирање на гасовите кои произлегуваат при заварување. Притоа турбината која би се поставила веднаш пред овој систем ќе го турка гнасниот воздух надвор од гаражите. Еве како би изгледал тој систем.
Веќе имам 3 метра цевка за канализација која би ја употребил, треба да земам уште толку. Дијаметарот е 12cm. Имам и доста моќен 12cm вентилатор за собирање на чадот кај работната маса.
Кој тип на вентилатор би го препорачале да се стави насредина на големата цевка, кој треба да има соодветна моќност притоа да се направи да одговара на дијаметарот на цевката.
Се мислев за овој тип на вентилатор со отприлика дијаметар од 30cm, кој потоа со некој изум ќе се прицврсти измеѓу цевката. Исти ваков вентилатор би се ставил на влез, да внесува чист воздух во гаражите.
Деновиве кога ќе бидам послободен ќе се потрудам да направам цртеж од мојата замисла.
Каде има вентилатори вакви со нормални цени?