Тема за сите оние кои имаат мерак за фино средена и опремена гаража. Да се консултираме, да си даваме идеи и да си купиме сите по една-две гаражи.
Гаражата ми е широка 223cm, долга 591cm. Не е којзнае што, меѓутоа сакам да ја средам со солидна работна маса и алат. Донесена е струја и наместени се штекери. Следно е да се направи работната маса. Најмногу ме мачи висината и ширината. Должината ќе биде секако 223cm, колку гаражата. На овој прост цртеж димензиите се: висина 85cm, ширина 65cm со табла, 60cm само држачи, должина 223cm.
Ќе направам повеќе конфигурации на носачите па ќе се одбере оптималното решение. Некако просторот под маса не ми е искористен бидејќи сакам да го ставам гитарскиот кабинет под маса, а и да можам комотно да влезам со столчето внатре. Кабинетот е доста голем и поради тоа оставен е празен просторот од десната страна под работната маса. За над маса планот ми е: монитор на средина, закачен на ѕид. Од двете страни pegboard. Понатака во иднина може над pegboard-от да се направат полици.
Сакам да купам и разни рафтчиња и кутии за оставање навртки, завртки, отпорници, кондензатори, диоди...
Една цефка како тие што се користат за аспиратори која ќе има вентилатор и карбонски филтер од над левиот крај на масата па горе на таван до вентилација. За одстранување на штетниот мирис од калајот.