Не реков дек рече дека апарато не чини, само сакав да потенцирам дека не може да се очекува во оваа класа да има се што имаат најдобрите. Некое ќоше ќе биде скусено. Не така брзиот фокус не е причина да биде дил брејкер, бидејќи со малце умешност се надминува тој недостаток освен во најспецифичните случаи (значи не секој брзодвижечки објект ќе биде надвор од фокус).
Јас кога почнав да учам било што за сликање немаше никакви особени електорнски помагала. Беа среќни оние кои имаа светломер на апаратот било каков. За мене е битно да си ја склопма сликата во главата базирано на основни параметир а тоа се - композиција, светлина, фокус, DOF, движење. Сите оние други мамбоџамбо топ финти само ми го одвлекуваат вниманието. И иако EVF нуди многу не ми значи ништо кога има таков лаг или скоро неупотребливост во темница.
Но ова се мои размислувања. Имам апарат кои има само EVF и знам колку „корисни“ информаци може да има. Ама мојата преференца е друга.