Генерално, се слагам, со тоа што не би бил до толку екстремен - од време на време се појавуваат вистински таленти кои едноставно не можат да се пробијат на друг начин. Музичката индустрија е баш тоа - индустрија - и штанца тоа што во тој момент е потребно.
Да не си играме играчки, сите луѓе што прават музика - и тие што се појавуваат на X-Factor, и гаражните бендови, и тезгарошите.. Сите сакаат да бидат успешни и со музиката да прават пари. Музиката да им биде живот - а со тоа си доаѓа и популарноста. Ниеден музичар не сака цел живот да дреме по подруми - сите сонуваат за Вембли или нешто слично.