Го подржувам стратро бидејќи и јас ја делам истата филозофија дека неможе од едно шоу да станеш пеач. Да земеме дека си супер талентиран и супер пееш се пријавуваш и победуваш. Што се случува потоа? Околу тебе има 1000 луѓе што ти работат се тргнувајќи од стајлинг, песни, настапи. Зад нив пак има менаџери што ги интересира само да имаат поголем профит од тебе. И одеднаш ти пееш нешто што е комерцијално, нема никакво значење за тебе ама е златна кокошка и носи многу пари. Не е тоа вистинската музика која се бара и почитува.