Тоа што се случи во Германија по извртувањето на Зауберот, беше исправна одлука според мене. Безбедносното возило непотребно ќе им ја уништеше трката на многу луѓе. На моменти премногу се тупи со безбедноста.
На тебе тоа ти изгледаше на кинеско гранд при, за мене тоа е како треба да се решаваат проблемите во Ф1. Пушти жолти знамиња ако не е на тркачката линија и прати храбри момци да го истуркаат од патеката.
Целосно се согласувам со тебе, за едно ламаринче се има случувано безбедносно возило да излегува,
а се што треба е еден редар со малку ум и без многу брзање (оти има токмаци кои се сопинат во трчањето),
да најди дупка од 5 секунди чиста патека за да се отстрани делот под жолти знамиња.
Со безбедносното возило навистина се подобрува безбедноста на патеката ама се влошува во боксот.
А и во последно време од трактори почнаа луѓето да гинат.