Одлично е Stilo-во
Според надворешните детаљи веројатно е динамик опремата (обоени рачки и ретровизори) и овие бандаши се стандард на динамик. Според логото позади, пред 2004 година е аутцето, според она што го имам читано на fiatforum.com ова ти е најдобрат комбинација на мотор - скоро неуништив, со одлични перформанси
Јас извозев 130.000 со моето (1.4 95кс од октомври 2004) без никакви проблеми и само со промена на потрошен материјал. Ќе помине сигурно уште 20-30-тина илјадарки во моја сопственот пред да решам да го продавам, така да 140.000 за дизелчево се мачји кашаљ
Во стандардна изведба малку повеќе боди рол, и малце сака носот да му избега во кривини (дури и со многу полесниот 1.4 мотор), ама со пружини и амортизери ќе добиеш неверојатно неутрално ауто
Со среќа да ти е, и долго да те служи - Одличен избор (пристрасно)