Поминав скоро 4 години, јадејки храна која не беше мој избор ни најмалку, спиејки во соба 2 на 2 во куќарка со глоти од луѓе, работајки во екстремни услови, трпејки луѓе кои имаат 2 пати помалку образование од мене, а беа платени 2 пати повеќе, го видов најлошото од тие пари, ни се отворија врата од воен авион, не пратија во погрешна база, лани во Октомври ни здрвија граната на 10-тина метри од кујна ...
Немавме храна во Февруари, јадев сендвичи по цел ден ...
Бугар, можам вака до утре, има премногу работи кои и не се за на форум ...
Јас мислам дека си го платив данокот на тие пари ...
Кога полетавме од Баграм кон Дубаи, си реков во себе дека ке направам се што е во моја можност да не се вратам таму пак ...
Парите се енормно добри, ама ...