Дечки, ми требаат совети ...
Прво, ми треба совет за средство за одржување на воланот, да го освежи, и да му даде сјај ...
Користев едно, ама многу сум незадоволен, како да имаше контраефект ...
Втората работа. која почна сериозно да ми пречи, за која што и пишав едно време, е, погрешното очитување на потрошувачка на бордот ..
Имено, во неколку наврати, вршев калкулации рачно, а потоа и со Fuel Log, и се уверив дека бордот ме лаже со добри 2 литри на комбинирана потрошувачка, посебно кога возам агресивно, во просек на 1.000 км што за мене е премногу неточно ...
Се врши ли ресетирање, или може да се промени некој сетинг на бордот да снима на помал интервал потрошувачка, наместо на 2 секунди, на половина секунда, што мислам дека ке придонесе за поточни информации ...
Колку за инфо, кога возам на отворен пат, без малтретирање, пресметките на бордот се точни, со отстапувања до 0.3-0.4 литри во просек...